Пригодна културно уметничка македонско – руска вечер се одржа вечерва во ГБ ,,Борка Талески,,.
Во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, директорот на библиотеката г-ѓа Андријана Ристеска, амбасадорот на РФ, Н.Е Сергеј Баздникин, претставници од МПЦ и почитувачи на руската култура и традиција, се читаше поезија на македонски и руски јазик, се свиреше руска музика, се пееја руски песни, со што се посочи дека културата и литературата се мостови за зближување. Воедно, имаше и изложба на руска литература, а Руската амбасада на библиотеката и донираше нова руска литература, со што е збогатен книжниот фонд на институцијата, која има добар избор не само на руска, туку и на друг вид странска литература.
Обраќајќи се пред присутните амбасадорот на Руската федерација Сергеј Базѐдникин посочи дека меѓународната соработка е еден од наjвисоките приоритети и затоа ѝ придаваат културно-хуманитарна димензиjа.


Развојот на културниот дијалог не е само хуманитарна мисија, туку и основа за враќање на довербата, зајакнување на односите и поттикнување на меѓусебното почитување меѓу нашите земји. Културата не познава граници – за тоа неодамна (на 20 септември) потсети Претседателот Владимир Путин во видео обраќање по повод меѓународниот музички натпревар „Интервизиjа“, кој во Москва ги собра претставниците на дваесет и три држави – рече амбасадорот Баздникин.

Според него, збирката на книги што Амбасадата ја обезбеди за библиотеката, по трет пат за повеќе од дваесетгодини содржи над 50 тома од поетски и прозни дела на руски класици и современа втори, до историски и образовни изданија, кои раскажуваат за Русија. Меѓу нив се ретки записи на бисерите на руската литература, кои ги читаат големите изведувачи.
Посебно внимание заслужува уникатното фундаментално издание – Антологијата „Рускиот поетски гении“, составена од познатиот македонски поет-преведувач, Ефтим Клетников.
Ка.М