Фото: ЕПА

Најновите откритија за степенот до кој персоналот на Џо Бајден го ставал неговиот потпис на помилувања и комутации во негово име, користејќи уред за да го реплицира неговиот потпис/ракопис, се уште еден повеќе од очигледен доказ за тоа кој навистина ја водеше Бела куќа за време на неговиот мандат.
Шегата е дека „автопенот бил на власт“. Тажната реалност е дека неизбраниот персонал и семејството на Бајден ги вршеле уставните овластувања на претседателството без очигледен надзор на избраниот лидер

Автопенот (уред што се користи за автоматско потпишување – н.з.) можеби е помоќен од мечот или законот, но не е – „штит“. Најновите откритија за степенот до кој персоналот на Џо Бајден го ставал неговиот потпис на помилувања и комутации во негово име, користејќи уред за да го реплицира неговиот потпис/ракопис, се уште еден осудувачки доказ за тоа кој навистина ја водеше неговата Бела куќа. Шегата е дека всушност „автопенот бил на власт“.
Тажната реалност е дека неизбраниот персонал и семејството на Бајден ги вршеле уставните овластувања на претседателството без очигледен надзор на избраниот лидер.
Кажете што сакате за непредвидливата природа на одлуките и јавните изјави на Доналд Трамп, кога 79-годишникот прави или кажува нешто, но нема недоумици околу неговиот потпис (иако тој рече дека го користел автопенот за „многу неважни документи“).
Не е така со Бајден. Извештај во „Њујорк тајмс“, вклучувајќи кратко телефонско интервју со 82-годишниот поранешен претседател, открива некои нови детали за обемот на автопомилувањата, но е полн со предупредувања за тоа колку авторите можеби не знаат. Текстот во „Тајмс“ е очигледно обид на тимот на Бајден да користи медиум за да добие поволен пресврт на фактите пред истрагите на Конгресот и Министерството за правда. Читателите ќе забележат колку длабоко мора да се навлезе во статијата пред да се сретнат со фактите. Но тешко е да се прикријат дури и фактите што ги знаеме.
Обемот на помилувањата на Бајден беше без преседан. Претседателите претходно користеа општо помилување во воен контекст за да дадат амнестија на дезертери од ерата на војната во Виетнам и на лица што избегнувале регрутација и на војници на Конфедерацијата. Но никој не се приближил до повеќе од 4.000 кривични помилувања и комутации за поединци што беа издадени од Белата куќа на Бајден меѓу изборите и заминувањето на Бајден од функцијата. Името на Бајден беше поврзано со повеќе помилувања за 10 недели отколку што Френклин Д. Рузвелт издаде за 12 години.
Најконтроверзните од нив се веројатно оние за кои Бајден всушност размислувал: скандалозно широки помилувања за членовите на семејството на Бајден и за поларизирани политички личности како што е д-р Ентони Фаучи, заедно со сеопфатна одлука за отстранување на смртната казна, со ублажување на сите освен три од сегашните федерални смртни казни. Но имаше уште илјадници помилувања надвор од тоа.

Потврдувањето дека сите тие помилувања и ублажувања биле оправдани во толку кратко време би било херкуловски труд. Бајден и неговиот тим сега велат дека тој го одобрил автопенот да се користи 25 пати, при што во одредени случаи биле опфатени цели категории од стотици луѓе врз основа на општи критериуми. Но кој одлучил дека секое од овие е правилна употреба на овластување што Уставот му го дава лично на претседателот? На пример, Бајден масовно ги ублажи казните на луѓе на кои им беше одреден домашен притвор за време на пандемијата. Некои од нив извршија озлогласени злоупотреби на јавната доверба и им наштетија на голем број луѓе. Дали претседателот знаеше дека го прави тоа?
„Процесот“ очигледно вклучувал усни „забелешки“ од честопати неповрзаната извршна директорка, кои потоа биле пријавени на секретарката на персоналот што го контролирала автопенот како овластување за персоналот да ѝ даде листи со имиња што наводно ги исполнувале критериумите потпишани од Бајден. Според „Њујорк тајмс“, листите понекогаш се менувале малку по состаноците, без претседателот нужно да биде свесен.
Сите вклучени се адвокати. Дури и лекарот на Бајден се повикува на своето право од петтиот амандман да молчи за да избегне самоинкриминација. Целиот спектакл е драматичен доказ за тоа како претседателската моќ може да се злоупотреби кога менталните способности на претседателот бледнеат за да одговараат на неговите етички стандарди и никој во просторијата не мора да се грижи за повторно соочување со гласачите.

Сојузниците на Бајден сега се обидуваат да го префрлат фокусот на јавноста кон тесното правно прашање дали помилувањата и комутациите се неважечки. Тоа е застрашувачки стандард што неговите критичари треба да го исполнат, без преседан во американската правна историја. Доколку постои основа да се тврди дека претседателот одобрил помилување, нема ништо во законот што бара негов личен потпис. Министерството за правда на Трамп можеби ќе одлучи дека не вреди да се бори против помилувањата на суд.
Но она што законот дозволува да се случи е далеку од најголемиот проблем: проблемот е што машината за помилување се преоптоварила додека претседателот едвај бил буден при прекинувачот. Овластувањето за помилување е најапсолутното од сите претседателски овластувања, моделирано поблиску до моќта на кралот отколку до сè друго што го прави претседателот. Главната контрола против неговата злоупотреба сигурно треба да биде потпишување на секое помилување од страна на претседателот како чин на лична милост.
Ако дури и таа моќ паѓала во рацете на персоналот, што ни кажува тоа за многуте други претседателски овластувања што биле користени во име на Џо Бајден додека тој дремел?