
Дека постојат скриени стапици се потврдува и од фактот што бугарската пропаганда започна јавно да пласира невистини директно во македонското општество. Со активностите на т.н. фондација „Македонија“ преку историска литература се промовираат ксенофобиски пристрасни и псевдоисториски гледишта дека македонскиот народ и неговата историја се составен дел од бугарското национално битисување. Во овој контекст треба да се разберат и двата тома „Историја на Охридската архиепископија“ од Иван Снегаров, издадени од македонски издавач, каталогизирани кај нас, печатени кај нас, преведени, уредувани и лекторирани кај нас… на македонски јазик – што претставува фалсификувана бугарска историја наменета за македонската читателска публика?!
На дело сталинистичко-агитпроповски методи и форми од страна на Софија
Повеќемина аналитичари и универзитетски професори неколкупати посочија дека споменатиот договор има двосмислен јазик, односно дека никаде директно не се говори за македонскиот идентитет, но индиректно е видливо дека бугарската страна се обидува да ги наметне своите видувања за македонската историја, јазик, култура итн. Дека постојат скриени стапици се потврдува и од фактот што бугарската пропаганда започна јавно да пласира невистини во македонското општество. Во овој контекст треба да се разберат и двата тома „Историја на Охридската архиепископија“ од Иван Снегаров од 1924 година, а реобјавени во 2023 година со финансиска поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи. Доколку внимателно се проследи т.н. Договор за пријателство, добрососедство и соработка, може да се заклучи дека Република Бугарија преку сопственото министерство за надворешни работи на најдиректен начин го прекршува договорот од 2017 година. Ова е особено видливо во членот 11, во кој меѓу другото се вели дека „Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи“. Наведеното е очигледно во споменатото издание за Охридската архиепископија, кое е поддржано од бугарска институција.
Скриени стапици!
Република Бугарија со т.н. Договор за пријателство, добрососедство и соработка од 1 август 2017 година ја продолжи вековната брутална цивилизациска агресија врз македонскиот народ, македонската култура и македонската историја. При обликувањето на конечниот договор, Софија успеа да ја одреди агендата и да извлече значајни отстапки од македонска страна, а истовремено македонските преговарачи како да потценија одредени културни и симболични прашања. Доколку внимателно се анализира, може да се добие впечаток дека македонската дипломатија како да ги игнорираше можните последици во полза на што побрзо потпишување на договорот. Исто така се добива впечаток дека македонските преговарачи го нагласија нереалниот временски притисок, како и итноста.
Повеќемина аналитичари и универзитетски професори неколкупати посочија дека споменатиот договор има двосмислен јазик, односно дека никаде директно не се говори за македонскиот идентитет, но индиректно е видливо дека бугарската страна се обидува да ги наметне своите видувања за македонската историја, јазик, култура итн. Добро упатени лица велат дека сево ова пред сѐ се должи на недоволната транспарентност од македонска страна за преговорите, но и на заткулисните договори, кои ги ограничија пошироките консултации во македонското општество. Нашите соговорници исто така ни посочуваат дека кај македонската страна при потпишувањето на договорот како да имаше прекумерна самодоверба и брзо промовирање одредена агенда, без да се слушнат контрапозициите на оние што предупредуваа на негативностите на договорот за македонската страна.
– Заткулисните игри ги ограничија пошироките консултации, а наводната итност ја намали и способноста за забележување на скриените стапици од бугарската страна – велат нашите соговорници.
Пропаганда што се финансира од бугарското Министерство за надворешни работи
Дека постојат скриени стапици се потврдува и од фактот што бугарската пропаганда започна јавно да пласира невистини во македонското општество, како што се активностите на т.н. фондација „Македонија“, која преку историска литература промовира ксенофобиски пристрасни и псевдоисториски гледишта дека македонскиот народ и неговата историја се составен дел од бугарското национално битисување.
Во овој контекст треба да се разберат и двата тома „Историја на Охридската архиепископија“ од Иван Снегаров. Конкретно станува збор за историска литература што настанува во првите децении на 20 век, со изразен идеолошки пропаганден карактер, како и политичка агенда, која има цел да ги претстави македонските особености како бугарски. Не случајно Иван Снегаров во својот прв том за Охридската архиепископија, објавен во 1924 година, го запишал следното: „македонските Словени во 10 век имале таква бугарска национална свест каква што имале и бугарските Словени во Мизија и Тракија, и таков начин на живот каков што бил насекаде во Бугарија“.
Од историски аспект, искажувањето е проблематично бидејќи се говори за бугарска национална свест во среден век, притоа Снегаров заборава дека етногенезата на бугарскиот народ не е завршена во 10 век, односно таа дополнително се видоизменува во 12 и 13 век со куманскиот етнички елемент, нешто што е видливо и од основачите на Второто бугарско царство, кои се Кумани, односно припадници на куманскиот народ (номадско племе од турско потекло).
Доколку се земе предвид временскиот период кога настануваат двата тома за Охридската архиепископија, не треба да нѐ зачудува содржината, но зачудувачки е фактот дека тие во 2023 година беа печатени и објавени на македонски јазик во Македонија, а финансирани од бугарското Министерство за надворешни работи преку неговата програма именувана како бугарска помош за развој. Според информациите што се достапни на сајтот на бугарското Министерство за надворешни работи, т.н. бугарска помош за развој е „составен дел од надворешната политика на Република Бугарија и придонесува за постигнување на нејзините цели“.
– Апсурдот е уште поголем ако се земе предвид дека т.н. бугарската помош за развој од страна на бугарското Министерство за надворешни работи се афирмира како дополнување на бугарското учество во заедничките инструменти за надворешно дејствување на ЕУ за поддршка на соседните земји и региони, земјите во развој и обезбедување хуманитарна помош, иако станува збор за очигледна пропаганда – велат нашите соговорници.
Големата лага!
Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, особено членот 8 и членот 9, ја поттикнуваат активната и непречената соработка во културата, како и слободно распространување информации меѓу двете држави. Но во примерот со финансирањето на двата тома за Охридската архиепископија од страна бугарското Министерство за надворешни работи, може да се согледа пропагандна алатка за обликување на македонските умови.
Доколку внимателно се анализира наративот што постојано се слуша од Софија, неизбежен е заклучокот дека станува збор за класична бугарска пропаганда што се обидува да протне повторувани лаги со цел да станат вистина во македонското јавно мислење, во овој контекст треба да се разбере и финансиската поддршка на споменатото издание.
– Бугарските пропагандисти, слично како и Гебелс, веруваат дека ако кажете доволно голема лага и продолжите да ја повторувате, луѓето на крајот ќе почнат да веруваат во неа – велат нашите соговорници.
Меѓутоа од друга страна, доколку внимателно се проследи т.н. Договор за пријателство, добрососедство и соработка, може да се заклучи дека Република Бугарија преку сопственото министерство за надворешни работи на најдиректен начин го прекршува договорот од 2017 година. Ова е особено видливо во членот 11, во кој меѓу другото се вели дека „Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи“. Наведеното е очигледно во споменатото издание за Охридската архиепископија, кое е поддржано од бугарска институција.
– Во секој случај работата станува лоша, Бугарија врши брутална цивилизациска агресија врз еден суверен народ, култура и историја, за жал, поддржана однатре – велат нашите соговорници. Д.Ст.