Сѐ повеќе несогласувања по низа прашања од стратегиска природа во рамките на бриселските структури на Европската Унија се проектираат и врз нејзините земји членки, поединечно. Тензиите растат и илузијата за внатрешна кохезија што бриселските елити се обидуваат да ја создадат кон надвор бледнее. Функционирањето на бриселската формула „единство во различноста“ сѐ повеќе се доведува во прашање
Сѐ повеќе несогласувања по низа прашања од стратегиска природа во рамките на бриселските структури на Европската Унија
Европската Унија е изложена на сè поголеми проблеми од политичка, економска, безбедносна и одбранбена природа, а со тоа – и не помалку важно – се појавуваат значајни проблеми од социјална природа. На крајот, на плеќите на европските граѓани (кои одамна ништо не се прашуваат за крупни прашања), паѓаат сите неуспеси на стратешките политики на бриселските либерални елити.
Многу несогласувања и проблеми во ЕУ – и внатрешни во самиот блок, но и надворешни
Навистина, факт е дека постојат многу несогласувања, и внатрешни во самата ЕУ, но и надворешни, особено несинхронизираности на ЕУ кон политиките на Вашингтон, Пекинг и, се разбира, Москва. Низа аналитичари во прв план ги изнесуваат следните несинхронизираности, неусогласености, па и длабоки проблеми на ЕУ, при што истакнуваат дека тие се движат од идеолошка природа, па потоа и од истата таква природа кон САД, потоа проблеми поврзани со американската трговска политика кон ЕУ… Во првиот пакет проблеми аналитичарите ги вбројуваат и пакетите санкции воведени против Русија и последните (нови) санкции за руската извозна нафта, па сè до оние во врска со високите (5 отсто) трошоци за одбрана на кои инсистираа Доналд Трамп и претставниците на НАТО (првенствено генералниот секретар Марк Руте), кои на крајот сепак се согласија на самитот на Северноатлантскиот договор во Хаг. Но ова се само некои од проблемите на Брисел…
Социјалистите и либералите во Европскиот парламент се заканија дека ќе го
декомпонираат (расклопат) неформалното мнозинство на Фон дер Лајен
Во Брисел, според консултираните извори, во тек е „бунт од страна на социјалистите (втората најголема политичка група во Европскиот парламент) не само против обидите на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, да ја разводни зелената агенда на ЕУ, туку да се спречат нејзините намалувања на буџетските средства за обука на млади луѓе и невработени. Патем, деновиве реномираниот медиум „Политико“ се осврна на овој нов проблем во Унијата.
Имено, претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, има потреба од поддршка (гласови) од централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП), како и од социјалистите (како дел од центристичката коалиција), за да го усвои законот во Европскиот парламент. Тоа е злокобен сигнал за неа дека централнолевичарската партија веќе се подготвува за тешка игра околу следниот буџет на ЕУ, имено повеќегодишната финансиска рамка (МФП).
Борбата ќе зависи од социјалниот фонд – вреден 142,7 милијарди евра во буџетот за 2021-2027 година – кој треба да се бори против сиромаштијата и да ги поддржува ранливите групи. Фон дер Лајен сака тие пари да бидат насочени повеќе кон „одбрана и воено-наменска индустриска експанзија“.
Така, лидерката на социјалистите жестоко се спротивстави на желбите на Фон дер Лајен.
– Не го разбирам МФП, буџетот на заедницата, без толку важен фонд како што е Европскиот социјален фонд – рече Ираче Гарсија Перез, лидерка на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, за време на последната пленарна седница.
Лидерката на социјалистите предупреди дека „комисијата нема да добие бланко чек од социјалистичката група“, алудирајќи дека фондот ќе биде црвена линија во преговорите. Таа за јавноста изјави дека „треба приспособување кон новите предизвици, а конкурентноста е дел од тоа, но не по цена на напуштање на социјалната компонента. Земјоделците, индустријата и бизнисите исто така треба да имаат „корист од социјалните трошоци“.
Минатата недела социјалистите и либералите се заканија дека ќе го декомпонираат (расклопат) неформалното мнозинство на Фон дер Лајен откако таа контроверзно застана на страната на десницата во укинувањето на дел од законите во врска со зелената агенда. Р.С.
Аналитичарот Зоран Метер за позицијата на бриселските либерални елити
Глобализмот сега е мртов, а нешто слично ѝ се пишува и на зелената транзиција
Куса анализа, со мошне силни аргументи, но и со исклучително тешки квалификации во врска со однесувањето и постапките на европските односно политичките елити од Брисел, прави политичкиот аналитичар Метер за реномираниот медиум „Геополитика њуз“, кој во продолжение го пренесуваме во целост за читателите во „Нова Македонија“
Метер: Би сакал да ја завршам споменатата тема со тоа што ќе наведам дека европските политички елити се доследни во своите политики како снег на пролетно сонце. Тие се вртат како ветерници или временски лопатки – во насоката во која дува ветерот.
Тие, секако, немаат свои стратегии, туку мора да се приспособат на она што од нив го бараат нивните вистински господари, кои ги контролираат големиот капитал и финансиите (на кои политичките елити отсекогаш им биле подредени и се само потрошувачки добра, како што е случај насекаде во светот).
Сепак, проблемот за сегашните политички елити во Брисел лежи во фактот дека нивните господари, кои ги управуваат процесите, а политичарите ги спроведуваат во практика, сега, во сè посложените глобални геополитички околности, се принудени остро да ги реструктурираат своите стратегии. Ова реструктурирање, и во однос на неговата структура (важност) и во однос на обемот, не може да остане невидливо – и затоа предизвикува силни потреси. Бидејќи глобализмот, на кој до неодамна самите инсистираа со децении, сега е мртов, а нешто слично се пишува за зелената транзиција, барем до подобри и помирни времиња.
Еве што всушност се случува. Вистинските господари во рамките на ЕУ, сега, под влијание на американските и британските либерални елити, претпочитаат фокусот на извршната политичка власт да го насочат кон воено-одбранбените прашања, т.е. забрзаното вооружување. Тоа потоа ги принудува водечките политичари во Брисел да ги напуштат претходните приоритети на кои се заколнале со години.
Метер: Бриселските политички елити можат прекуноќ да се трансформираат од либерали во класични фашисти за да се справат со своите непријатели
Затоа Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим во Европската комисија сè повеќе изгледаат како нашите миленичиња – како оние чија опашка ја контролира главата – во лудо вртење околу својата оска (кога главата на кучето се обидува да ја фати сопствената опашка со забите, што секако е Сизифова работа). Значи, тие изгледаат лудо, принудени да се негираат себеси пред сопствените граѓани, кои ги хранеле со години, па дури и децении, со сосема различни приоритети и чудни идеологии – како оние што ќе (и ќе) станат трајна европска вредност, задолжителна за сите.
Речиси сум сигурен дека ако вистинските европски господари во сенка сега побараат од своите политички поданици во Брисел да се трансформираат од либерали во класични фашисти за да се справат со надворешните непријатели, тие ќе станат такви прекуноќ.
Нивниот притисокот кон милитаризација е незапирлив процес.
Затоа, нема и не може да има никаква конзистентност меѓу европските политички лидери. Нивната главна задача сега е да се залагаат за итна милитаризација, односно да му помогнат на европскиот воено-индустриски комплекс во производството на оружје, а тоа е незапирлив процес. Во таа смисла, тие мора да се откажат од одредени норми и правила што беа наметнати како дел од зелената агенда – првенствено автомобилската индустрија, од која дел ќе биде пренаменет за производство на воена опрема и оружје – како што е германскиот „Фолксваген“.
Аналогија со случувањата од Втората светска војна
Несомнено, може да се направи аналогија со Втората светска војна. Всушност, Адолф Хитлер го сторил истото тоа. Тој, исто така, го започна брзото вооружување на Германија, производството на тенкови, авиони и бродови, буквално од нула. Состојбата на германската економија кога тој дојде на власт беше катастрофална (интересно е што германската економија сега е во големи проблеми и рецесија трета година по ред!).
Затоа ја задолжи државата со големи банкарски кредити, а потоа, сметајќи дека долгот сè уште треба да се врати – ја насочи својата воена машина кон соседите со надеж дека ќе ги добие нивното богатство и ресурси (секако, сето тоа го направи преку силна идеолошка компонента што го поттикнуваше германскиот национализам, бидејќи идеологијата е најдобриот и всушност единствениот вистински двигател на широките маси и без неа не можете да влезете во никаква битка – тоа го знаат сите).
Епилогот е, секако, познат и сигурно никој во Европа не би сакал повторно да го доживее тоа.