Во Европскиот парламент има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија, за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Срамно е ова што се прави, срамен е овој обид што доаѓа од една земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет кој ние имаме право да си го почитуваме и да си го градиме и надградуваме. Жалиме што земји членки на ЕУ имаат антиевропски позиции во моментот, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој уште еднаш повтори дека земјава ќе продолжи да разговара и истовремено да ги спроведува реформите дома, но нема да прифати никаков компромис кога е во прашање идентитетот.
Одговорајќи на новинарски прашања по македонско-италијанскиот бизнис форум во Скопје, Муцунски нагласи дека нашиот напредок се почесто не се мери по објективните кртитериуми, туку е предмет на постојана билатерализација и услови кои немаат апсолутно никаква поврзаност со највисоките европски стандарди.
Во однос на претстојниот Извештај за напредокот на земјава, министерот очекува, како што рече, свест во рамки на Европскиот парламент за значењето на тоа што ќе се случува на пленарната седница.
– Суштината на проблемот е дека сигналите и тоа што го слушаме и од Бугарија подолг период е дека не се работи само за уставни промени. И каде најдобро и најпрецизно се идентификуваше тоа, во Европскиот парламент каде видовме дека има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Притоа, никој не знае да објасни што значи тоа модерен идентитет и модерен јазик. И затоа велиме, отворено дискутираме, не прифаќаме секаков компромис зашто од тоа државата е во оваа позиција во која што е. Истовремено, ќе си чекориме по европскиот пат, ќе ги носиме клучните реформи, ќе работиме на партнерството во делот на одбраната и безбедноста кои први го потпишавме со ЕУ, ќе работиме на регионални иницијативи што ќе го прават бизнисот поуспешен и животот подобар, но истовремено велиме – срамно е ова што се прави, срамен е овој обид што доаѓа од една земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет – потенцира Муцунски.
Според него, неспорно е тоа што и се случува на нашата држава во последните повеќе од 30 години.
– Неспорен е фактот дека, за жал, нашиот напредок се почесто не се мери по објективните кртитериуми, туку е предмет на постојана билатерализација и услови кои немаат апсолутно никаква поврзаност со највисоките европски стандарди. Не велам дека во оваа држава е се иделано, напротив, има многу што треба да направиме за да го реформираме општеството, но тврдам дека одредени прашања, на пример за почитување на малцинските права сме многу понапредни од одредени земји членки на ЕУ. Тука примарно мислам и на земјата која во моментот става вето на нашиот евроинтергративен напредок. Една работа што често им ја кажувам на европските лидери е, „замислете нашата држава да не имплементираше 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права по однос на малцинските права. како ќе реагиравте спрема нас во таква ситуацијаЌ. Затоа велам, ние како Влада отворено дискутираме, ги претставуваме нашите позиции, велиме – да, сакаме компромиси и решенија, но истовремено имаме национални позиции и никако не смееме да правиме какви било отстапки по однос на идентитетските прашања – истакна шефот на дипломатијата.
Тој потсети дека надворшната политика се води низ призмата на националниот интерес и тоа, напомена, постигнува занчителни резултати.
– Треба јасно да нагласиме дека ние не сме во моментов земја членка на ЕУ, значи немаме наши европратеници во Европскиот парламент кои можат под внатре да работат на овој процес. Оттука, нашиот ангажман е многу посложен од, за жал, ангажманот што го гледаме од соседна Бугарија. Но, тоа не значи дека не сме ангажирани, не значи дека не комуницираме, напротив. Имаме сериозна комуникација како то и треба да имаме како држава. Очекуваме свест во рамки на Европскиот парламент за значењето на тоа што ќе се случува на пленарната седница. И минатата недела кога давав изјава кажав дека тоа што се случи во АФЕТ е историски момент, но не и триумфален. Има повеќе сценарија за кои слушаме, не е коректно од моја страна да прејудицирам каков ќе биде исходот зшто не сме внатре во таа просторија кога се носат одлукте, но македонските граѓани треба да бидат уверени дека активно ќе биде претставен ставот што тие го имаат, што ние го чувствуваме и тоа што е наш национален приоритет. Сметам дека и со тоа што се случуваше во последната година, тие немаат дилема во однос на тоа дека надворшната политика се води низ призмата на националниот интерес и тоа е клучната промена што ја претставуивме во надворешната политика и мислам дека постигнуваме занчителни резултати. но, и по овој случај не треба да имаат никаква дилема дека прво, сме активни, а второ, цврсто стоиме на објективните позиции, на позициите кои се фер, кредибилни, европски. Жалиме што земји членки на ЕУ имаат антиевропски позиции во моментот – рече Муцунски.
Вчерашниот Самит на лидерите на Западен Балкан и ЕУ што се одржа во Скопје, информира министерот, и од учесниците и од Брисел бил оценет како многу успешен настан.
– Ова е прв самит насочен кон резултатите од имплементацијата на Планот за раст. Впечатоците и на пристуните земји и на Брисел се дека беше многу успешен настан од кој призлегоа конкретни иницијативи на кои ќе се работи во следниот период. Сите имаме одредени успеси, но и предизвици во однос на имплементацијата на Планот за раст, но зборувавме и за многи други конкретни иницијативи насочени кон регионално поврзување – истакна Муцунски.