Змиски коски што датираат од неолитскиот период, пред околу 6.000 години, се откриени во сливот на реката Зуоџијанг во автономниот регион Гуангси Жуанг во јужна Кина. Најдолгиот откриен единечен пршлен укажува дека вкупната должина на змијата била поголема од 4,58 метри.
Откритието исто така помогна да се фрли светлина врз историјата на ловот на змии во јужна Кина, која може да се проследи околу 6.000 години наназад.
– Повеќето од откриените змиски коски имаа траги од изгореници на површината, а коските од цицачи пронајдени до нив, исто така, покажуваа знаци на сечење или удирање – изјави Јанг Чингпинг од институтот „Гуангси“ за заштита на културни реликвии и археологија.
Тој додаде дека не е исклучено дека праисториските луѓе во областа печеле месо.
Истражувањето беше спроведено заеднички од Институтот за палеонтологија и палеоантропологија на ’рбетници при Кинеската академија на науките и институтот „Гуангси“ за заштита на културни реликвии и археологија.