
- Европската Венецијанска комисија за владеење на правото, чиј постојан секретаријат се наоѓа во Стразбур, на 3 март 2008 година со писмен допис со ознака 444/2007 CDL(2008)004 експлицитно ја повикала Владата во Софија да изврши промени на Уставот на Бугарија заради „еднаков третман на лицата што припаѓаат на националните малцинства, според Рамковната конвенција“, што најдиректно значи и на македонското национално малцинство! Во меѓувреме Бугарија не го променила својот устав заради тамошните Македонци, но сега заедно со Брисел бара Македонија да го промени својот устав заради овдешното бугарско малцинство?!
- Во 2008 година Венецијанската комисија, врвно правно тело при Советот на Европа, отворено предупреди дека формулациите во бугарскиот устав Софија може да ги користи за „спречување на здружувањето малцински етнички и јазични групи“. Притоа, јасно беше препорачано – „омекнување на тие уставни одредби“, со цел да се овозможи поотворен и толерантен пристап кон малцинствата. Бугарија не постапи по предупредувањата и писменото укажување на Венецијанската комисија. Можеби сега е најдобро време да се потсетат Европската комисија и еврокомесарите за ова укажување на Венецијанската комисија, за истото тоа да влезе во агендата на превосходни обврски насочени кон членката на ЕУ – Бугарија
Европската Венецијанска комисија за владеење на правото, чиј постојан секретаријат се наоѓа во Стразбур, на 3 март 2008 година со писмен допис со ознака 444/2007 CDL(2008)004 експлицитно ја повикала Владата во Софија да изврши промени на Уставот на Бугарија заради „еднаков третман на лицата што припаѓаат на националните малцинства, според Рамковната конвенција“, што најдиректно значи и на македонското национално малцинство! Во меѓувреме Бугарија не го променила својот устав заради тамошните Македонци, но сега заедно со Брисел бара Македонија да го промени својот устав заради овдешното бугарско малцинство?!
Второ, исто така изразито експлицитно:
– Европскиот суд за човекови права констатира дека Бугарија ги прекршила одредбите од Европската конвенција за човекови права, кои се однесуваат на слободата на здружување и собирање во случаите што се однесуваат на македонското малцинство. Слободата за етничка самоидентификација е главен принцип…, кој треба ефикасно да се применува на сите малцински групи, без разлика дали се национални, религиозни или јазични. Верувам дека Владата на Бугарија ќе го почитува овој принцип, кој ќе треба да се применува ефикасно за сите малцински групи, без разлика дали се национални, религиозни или јазични – му напишал Томас Хамарберг, во својство на комесар за човекови права на Советот на Европа, на 7 октомври 2010 година во официјално писмо на тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов. Овој официјален документ на Советот на Европа со ознака CommDH(2010)47 Ref: CommHR/PP/sf 189-2010 е, исто така, и официјална потврда дека во Советот на Европа, како висока европска институција, уште пред 15 години било согледано и било признаено постоењето на Македонците како национално малцинство во Бугарија од страна на висок официјален европски претставник, Томас Хамарберг, кое има право на свое слободно етничко македонско самоидентификување во Бугарија!
Како европски комесар за човекови права, Томас Хамарберг категорично ги повикал во тоа свое писмо Владата на Бугарија и нејзиниот премиер Бојко Борисов да го почитуваат овој главен принцип и за македонското национално малцинство, третирано и како национално и како јазично малцинство, со свој јазик!
Кусо резиме:
Бугарија била официјално известена и ѝ било сугерирано, уште пред 17 години, да си го смени Уставот! Тоа било сторено од група европски и светски уставни и правни експерти преку институцијата Венецијанска комисија, заради подобро прифаќање и заштита на малцинствата, вклучувајќи го и македонското малцинство, иако Македонците не се споменуваат експлицитно како што погоре го прави тоа споменатиот европски комесар Томас Хамарберг. Но и денес по 17 години, Бугарија не само што не презела мерки во својот устав да ги почитува националните и јазични права на тамошните Македонци како национално малцинство туку во сите овие години остварува политика на целосно негирање на самото постоење на македонското малцинство таму.
Повик до Владата на Бугарија да изврши промени на својот устав
Но да се осврнеме по ред, со сосема синтетички осврт на споменатите и неколку други документи, за да ги имаме предвид сите димензии на „театарот на апсурдот“ и на „европската комедија“ наречена „Европска правда и принципи“, во изведба на „режисерите“ од Брисел, Софија, Атина, Париз и од другите европски политички центри.
1. Најпрвин цитираме некои од клучните делови од дописот на Венецијанската комисија за владеење на правото од 3 март 2008 година со ознака 444/2007 CDL(2008)004, која ја имаше повикано Владата на Бугарија да изврши промени на Уставот на оваа држава заради „еднаков третман на лицата што припаѓаат на националните малцинства“, што најдиректно значи еднаков третман и на македонското национално малцинство.
„62. Врз основа на обврската за еднаков третман на лицата кои припаѓаат на национални малцинства според Рамковната конвенција, Венецијанската комисија смета дека е подобро Уставот (на Бугарија – ред.заб.) експлицитно да ги земе предвид правата на овие лица, наместо да се потпира само на општото правило за недискриминација….
63…. Членот 3 предвидува бугарскиот јазик да биде службен јазик на републиката, додека подоцнежните одредби од членот 26 во најдобар случај се едвај толерантни кон другите јазици.
66. Венецијанската комисија… предлага да се извршат со амандмани измени на некои од претходно наведените одредби во Уставот (на Бугарија – заб. ред.)…за да се искаже отворен став кон малцинствата и во јазикот, што се користи во Уставот“, е наведено во мислењето на Венецијанската комисија до Бугарија, која не му ни обрнала никакво внимание.
(продолжува утре: Томас Хамарберг, комесарот за човекови права на Советот на Европа (од 2006 до 2012), уште поконкретно се надоврзува на ставот на Венецијанската комисија за промена на бугарскиот устав)
Свето Тоевски