
Како долгогодишен визитинг професор и член на комисија за докторски студии на Универзитетот „Пантеон Асас Сорбона 2“, македонскот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш одржа серија предавања пред судентите на постдипломски студии од областа на комуникации и хуманистички науки на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја од Антиката до денес“.
Предавањата кои предизвикаа голем интерес беа базирани на компаративни согледувања и примери кои се протегаат од митската храброст на „Антигона“ од Софокле, која повеќе од две илјади години е референца на светската цивилизација, до „Чекајќи го Годо од Бекет“ и жестоката критика на модерната епоха што ја живееме и денес „дека нема ништо посмешно од човечкта несреќа“, која продолжува на сите меридијани да ги уништува последните атоми на човечката надеж, со воените катастрофи, геноцидите, нуклеарните закани, еколошките и социјалните разорувања на планетата Земја. Оваа состојба ја потврдува и мислата на Питер Брук од документарниот портрет што Плевнеш го направи за овој светски режисер, кој беше гостин на Македонија и го отвори со своја бесмртна беседа Охридскиот амфитеатар по 2.000 години тишина: „Ниедно уметничко дело не може да ги промени тековите на трагичната историја на човештвото и уметноста е само илузија која останува да трае наспроти се како доказ на непобедливоста на човечкиот дух“.
Предавањата беа одржани во рамките на Договорот на „Пантеон Асас“ и Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима во програмата Еразмус плус на Европската Комисија, кои се одвиваат во повеке сфери, како што е дигитализацијата на аудиовизуелните дела во европскта и светскта меморија низ научно истражувачки проекти и меѓународни конференциии.
Како што е познато токму Универзитетот „Пантеон Асас“ го предложи Плевнеш и тој стана носител на Гранпри (Grand Prix) за животно дело на Француската Академија и Претседателот на Универзитетот Стефан Браконие, му го врачи највисокото одликување на Француската влада „Командант на уметностите и книжевностите“.
По тој повод, портретот на Плевнеш дело на еден од најголемите македонски сликари Родољуб Анастасов, беше поставено во Свечената галерија на „Пантеон Асас“ на елитата на Академскиот незаборав на еден од најугледните Универзитети во Франција и како своевидно признание на македонското високо образование на меѓународен план.