Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА-лигата, откако на свој терен го добија седмиот натпревар против Денвер со 125-93 и вкупно со 4-3 во победи во плејоф-серијата. Оклахома ќе игра со Минесота во финалето на Западот (се игра до четири победи), а во финалето на Истокот се пласираа Њујорк и Индијана. Њујорк има две титули (во 1970 и во 1973 година) и уште шест финалиња (1951, 1952, 1953, 1972, 1994 и 1999 година). Оклахома освои еден трофеј (во 1979 година) и играше во уште три финалиња (во 1978, 1996 и во 2012 година), Индијана еднаш беше финалист (во 2000 година), а Минесота нема настап во финале. Н.М.


НБА, ПЛЕЈОФ, ФИНАЛЕ ПО КОНФЕРЕНЦИИ

Исток: Њујорк – Индијана
Запад: Оклахома – Минесота
се игра до четири победи


УСПЕСИ

КЛУБ ТИТУЛА ФИНАЛЕ
Њујорк 1970, 1973 г. 1951-1953, 1972, 1994, 1999 г.
Оклахома 1979 г. 1978, 1996, 2012 г.
Индијана – 2000 г.
Минесота – –