Ревизија на историјата со помош на вештачка интелигенција / Фото: Пропагандни материјали од социјалните мрежи - Фејсбук

Неколкупати досега на социјалните мрежи и во интернет-просторот можеше да се забележат ширење идеи од позиции на грчки шовинизам, претензии и обиди за омаловажување на македонската нација, а сега новитет е користењето на вештачката интелигенција (ВИ). Имено, текст и фотографија на која Битола се претставува како грчки град се флагрантна манифестација на територијални претензии зачинети со грчки шовинизам. Тоа е класична пропаганда што има цел да влијае врз јавното мислење во грчкото општество и пошироко, да внесува невистини во јавноста и да креира историска ревизија и фалсификати. Во секој случај, станува збор за штетна и негативна појава што има некаква агресивна агенда да ги наруши односните меѓу македонскиот и грчкиот народ

Стоп за пропагирање шовинизам со злоупотреба на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција, како и секоја моќна алатка, може да се злоупотреби во пропагирање штетни националистички идеологии. Во овој контекст се и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, кои создаваат негативни шовинистички и хегемонистички наративи. Во изминатиов период на социјалните мрежи и во интернет-просторот можеше да се забележи злоупотреба на вештачката интелигенција преку создавање пропагандни фотографии што го промовираа грчкиот шовинизам и национализам. Конкретен пример е фотографијата креирана од вештачка интелигенција на која може да се види центарот на градот Битола, како грчки град, притоа може да се забележи како грчкото државно знаме се вее на битолскиот плоштад, а на околните објекти може да се прочитаат натписи на грчки јазик и азбука. Според добро упатени во оваа проблематика, споменатата фотографија, креирана од вештачка интелигенција, не треба да нѐ зачудува затоа што таа се должи на вкоренет шовинизам, кој одвреме-навреме, поттикнат од одредени личности и настани, испливува на површина, заради одредена намена. Интересен е податокот дека, според едно истражување, „грчкото општество е најшовинистичко во Европа“.
Споменатата фотографија на која може да се забележи како грчкото знаме се вее на плоштадот во Битола има пропагандна содржина, односно се користи за манифестирање и поттикнување на грчкиот хегемонизам, територијални претензии и шовинизам, нешто што само по себе е уште една потврда за изблиците на овие девијантни појави во Република Грција, во одреден момент, велат нашите соговорници.

Вештачката интелигенција се злоупотребува за пропагирање на насилниот екстремизам

Вештачката интелигенција, како и секоја моќна алатка, почна да се злоупотребува во пропагирање штетни радикални идеологии. Во овој контекст е и т.н. дипфејк, односно лажните видеа или аудиоклипови генерирани од вештачка интелигенција, како и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, кои создаваат негативни шовинистички и милитаристички наративи. Вештачката интелигенција може да се злоупотреби и преку т.н. пристрасни алгоритми, односно преку моделите на вештачка интелигенција што преку селективни податоци можат да ги зајакнат дискриминаторските ставови, маргинализирајќи одредени групи, а наедно промовирајќи фашистичка реторика.
Во овој правец се генерирањето и ширењето лажни вести и нагласени националистички наративи, со што пошироката јавност може да се доведе во ситуација да не може да ја разликува вистината од пропагандата.
Експертите исто така велат дека во изминатиов период се забележливи и манипулации на социјалните мрежи преку ботови управувани од вештачка интелигенција, кои ги преплавуваат платформите со националистичка содржина. Во овој контекст е и историскиот ревизионизам, односно кога вештачката интелигенција се злоупотребува за неточно видоизменување на историјата преку лажни или полувистинити факти, велат нашите соговорници.
– Во изминатиов период може да се забележи и уште една појава, односно злоупотреба на вештачката интелигенција за креирање реалистични фотографии од пропаганден карактер, кои имаат цел да промовираат одредени радикални националистички струи – велат добро упатени. Д.Ст.


Битола како грчки град: Фотографијата генерирана од вештачка интелигенција е лажна, но реална е манифестацијата на шовинизам

На социјалните мрежи, како што се одредени профили на Фејсбук, можеше да се види фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е претставен плоштадот во градот Битола. Притоа може да се забележи како се вее грчкото државно знаме, како и друга грчка симболика со што споменатиот македонски град се претставува како грчки. Според нашите соговорници, злоупотребата на вештачката интелигенција, во овој случај преставувањето на Битола како грчки град, е само континуитет на грчкиот шовинизам и национализам, кои сѐ уште имаат корени во одредени слоеви на грчкото општество. Неколкупати досега на социјалните мрежи и во интернет-просторот можеше да се забележи пропаганда на грчкиот шовинизам и национализам, а новитет е само користењето на вештачката интелигенција.
– Фотографијата што е генерирана од вештачката интелигенција, на која Битола е претставена како грчки град, е лажна, но реална е манифестацијата на грчкиот шовинизам. Тоа е класична пропаганда што има цел да влијае врз јавното мислење во грчкото општество и пошироко. Во секој случај, станува збор за штетна и негативна појава што може да ги наруши односните меѓу македонскиот и грчкиот народ – велат нашите соговорници.

Во што веруваат Грците?

Секој шовинизам е штетен и негативен, вклучително и грчкиот, затоа што е манифестација на екстремна форма на национализам. Оттука шовинизмот се манифестира со предрасуди кон други етнички групи и може да доведе до агресивни политики. Според големото истражување на „Пју рисрч“, 89 отсто од Грците веруваат дека „нивната култура е супериорна во однос на другите…“, што ги прави најшовинистички во Европа. Оваа манифестација се должи на „инсистирање на ексклузивитетот што Грција сака да го има во врска со историското наследство на античката историја, како и нивниот придонес во филозофијата, демократијата и уметноста, во античкиот период“. Познавачите велат дека културната гордост е вообичаена низ цела Европа, а и другите народи исто така покажуваат силен национален идентитет, но примерот со грчкото општество е пренагласена манифестација што негативно се одразува во добрососедските односни, особено во односите меѓу македонскиот и грчкиот народ.
– Доколку внимателно се анализира грчкиот пристап, тој се манифестира многу често со минување на црвените патриотски линии и минува во национализам и шовинизам, нетрпеливост и агресивност. Токму таквиот не толку редок изблик е пречка за соработка и зближување на Република Грција со соседните држави, вклучително и со Република Македонија, која беше принудена да го промени уставното име. Истовремено тој поттикнува прекршување на човековите права и дискриминација, како што е примерот со македонското малцинство во Република Грција. Не случајно, грчкиот шовинизам го обесхрабрува почитувањето на културните разлики и доведува до маргинализација на малцинските групи во грчкото општеството – велат нашите соговорници. Д.Ст.