Остатоци од најголемиот копнен диносаурус во Европа се откриени на островот Вајт во Велика Британија. Палеонтолозите од Универзитетот во Саутемптон идентификуваа остатоци од предатор што бил долг повеќе од 10 метри и живеел пред околу 125 милиони години, објави Би-би-си. Пронајдени се остатоци од карлични и пршлени од опашки, за кои се наведува дека му припаѓале на двоножен спиносауриден диносаурус, предатор со лице на крокодил. Докторандот Крис Баркер, кој го водел истражувањето, вели дека станува збор за „огромно животно“. Предаторот бил наречен „бел карпест спиносаурид“, по геолошкиот слој во кој се пронајдени остатоците.
– Ова беше огромно животно, долго над десет метри и веројатно тежело неколку тони. Судејќи според некои димензии, се чини дека претставува еден од најголемите предаторски диносауруси пронајдени некогаш во Европа – можеби дури и најголемиот познат досега – рече Баркер.
Животното живеело на почетокот на периодот на покачување на нивото на морето и талкало по водите на лагуната и песочните површини во потрага по храна.
– Бидејќи во моментов имаме само фрагменти, не му дадовме формално научно име. Се надеваме дека со текот на времето ќе се појават дополнителни остатоци – рече коавторот на студијата Дарен Најш.
Повеќето од фосилите ги пронашол ловецот на диносауруси од Вајт Ајленд, Ник Чејс, кој починал кратко пред пандемијата. Џереми Локвуд, друг коавтор на студијата и докторанд на Универзитетот во Портсмут и Природонаучниот музеј, рече дека ги барал остатоците од овој диносаурус со Ник и пронашол дел од карлицата со дупки со големина на показалец.
– Мислиме дека се предизвикани од ларвите на градинарската бубачка чистачка што јаде коски. Интересен факт е дека овој џиновски убиец станал оброк за мноштво инсекти – рече Локвуд.