Фото: ЕПА

Свиркачите од Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос почнаа да ги разоткриваат темните планови на глобалистите, како што свеста за заканите што произлегуваат од Давос расте низ целиот свет. Пораката е јасна: време е народот да се обедини во одбрана на слободата и правото на самоопределување. Ова е историски момент – борбата против глобалистичката агенда бара будење на секој поединец. Ако не се преземат мерки сега, темелите на слободното општество може да бидат изгубени засекогаш. Борбата не е завршена – таа само што започнува, а визијата на Шваб за светот не смее да стане реалност. Моделот од Давос на неолибералниот модел на општество, кој се прошири низ целата планета и уништи многу економии, е потрошен. Неолибералниот модел на општество стана извор на уништување и се трансформира во инструмент за глобален грабеж

Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум (СЕФ), кој секоја година ја собира светската бизнис и политичка елита во малиот швајцарски планински град Давос, поднесе оставка од функцијата претседател на одборот на директори на организацијата на 20 април оваа година. Форумот претходно објави дека Шваб, кој има 87 години, ќе се повлече од таа позиција, но точниот временски рок за неговата оставка не беше прецизиран во тоа време.
– По моето неодамнешно соопштение, а со влегувањето во мојата 88. година, решив да се повлечам од мојата позиција претседател, како и да се повлечам од моето членство во Одборот на директори, со важност на одлуката од денеска – наведе Шваб во соопштение објавено од СЕФ.

Кога ќе се отвори Пандорината кутија…

Форумот во Давос е основан во 1971 година од Клаус Шваб, швајцарско-германски економист и професор, во обид да „поттикне глобална соработка по политички, социјални и економски прашања“. Се споменува дека неговиот татко, Еуген Шваб, индустријалец, бил член на Нацистичката партија и пријател на Адолф Хитлер. Сепак, неговата поврзаност со нацизмот предизвикува одредена забуна, бидејќи постојат и тврдења од историчарите дека нема цврсти докази за неговата поврзаност со високи германски нацистички функционери.
Всушност, автор на самата идеја за формирање на форумот бил Хенри Кисинџер, во времето кога бил професор на Универзитетот „Харвард“, каде што требало да работи форумот. Но за да се избегне тоа да биде американска институција, беше одлучено форумот да се одржи во „неутрална“ Швајцарија, во Давос, а како основач беше претставен Клаус Шваб, поранешен студент на Кисинџер.
Форумот, кој првично се викал Европски форум за менаџмент, бил формиран во време кога Америка, како најголема светска сила, градела разни неформални групи низ целиот свет (од Групата 7 од најбогатите земји до Трилатералната комисија), со цел да ги елиминира што е можно повеќе официјалните меѓународни институции создадени по Втората светска војна и да донесува и наметнува одлуки во свој интерес надвор од нив. Со забрзувањето на глобализацијата во 1980-тите, поголемата економска и политичка поврзаност на светот и падот на комунизмот, Форумот во Давос во 1987 година стана Светски економски форум, со што ја прошири својата мисија, бидејќи од европска стана глобална, а од управувачка стана економска.
Формалната цел на оваа меѓународна организација, со седиште во близината на Женева, беше да ги здружи јавниот и приватниот сектор за да најдат решенија за глобалните проблеми, што е еден од основните принципи на форумот: „Посветени на подобрување на состојбата на светот“. Првиот состанок на форумот, пред повеќе од пет децении, се одржа во Давос, кој оттогаш е центар на неговото годишно собирање, а името на одморалиштето дури стана и вообичаен акроним за настанот, кој стана центар на глобалната политика и економија.

Форумот во Давос е „поклонение на богатите и моќните“

Форумот во Давос е „поклонение на богатите и моќните“, бидејќи секој што не учествувал во него не може да се смета за важен играч на глобализираната планета, а Давос долго време е претставен во медиумската пропаганда како еден вид „светска влада“. Овој форум не е само настан туку глобална платформа што им овозможува на лидерите да работат за подобрување на светот, иако критичарите го сметаат за елитистичко собирање. Сепак, Давос останува место каде што се обликуваат многу идеи што влијаат на глобалните социјални, економски и политички трендови.
Состаноците како СЕФ долго време беа во фокусот на теоретичарите на заговор, а од неодамна, поточно од 2020 година, поточно од 2020 година и самиот Клаус Шваб. Тогаш тој ја објави иницијативата „Големо ресетирање“, а кратко потоа беше објавена и неговата книга со исто име. Идејата на „голем нов почеток“ е: пандемијата на коронавирусот треба да се искористи како можност за создавање општества и глобална економија, кои се поправедни, социјално и еколошки одржливи. Дијагнозата на Шваб е дека постојат големи промени на економско и општествено ниво, на пример поради климатската криза или можноста за дигитален надзор од страна на владите.
Од сето ова, Шваб заклучува дека, од негова гледна точка, е неопходен пресврт кон овој тип капитализам, што во суштина подразбира дистанцирање од ориентацијата за постигнување максимална добивка за компаниите, но и дистанцирање од максимизирање на бруто-домашниот производ, односно, тоа е поинаков поглед на економијата. Не станува збор само за заработка на што е можно повеќе пари како личност, како компанија или како држава, туку за задоволување на различните барања на различните актери.

Предрасуда ли е дека „елитата“ работи на воведување „нов светски поредок“?

Пандемијата на коронавирусот и големото ресетирање би можеле многу добро да се интегрираат во таа приказна. На пример, на СЕФ и на Шваб им се префрла дека ја измислиле пандемијата за воспоставување „нов светски поредок“.
На годинашниот Давос во јануари, Клаус Шваб предупреди за „критичните предизвици“ со кои се соочува денешниот свет, како што се оружените конфликти, екстремните временски промени, дезинформациите и растечките поделби во општествата и државите. Тој истакна дека светот истовремено е на работ на транзиција од индустриската ера во таканаречената интелигентна доба, каде што вештачката интелигенција и другите револуционерни технологии и иновации фундаментално ќе ги трансформираат економските системи, бизнис-моделите и личниот живот. Транзицијата од индустриската во интелигентната ера се одвива со експоненцијално темпо, носејќи невидени ризици за човештвото додека се стремиме да се подготвиме и да се приспособиме на нејзината сложеност. Според него, треба да се биде „конструктивен оптимист“ и да се посветиме на практично решавање на итните проблеми на глобално ниво.
Клаус Шваб, исто така, даде шокантни најави во Давос, кои ги откриваат темните планови на глобалистите за ресетирање на човештвото во 2025 година и понатаму. Поништувањето на американските избори, создавањето низа глобални кризи и целосната контрола со помош на вештачката интелигенција, се само дел од стратегијата со која Шваб и неговите поддржувачи сакаат да го обликуваат светот според нивната визија. Во говори полни со закани и идеолошки пораки, Шваб јасно стави до знаење дека демократијата (каква што ја знаеме) е пречка за нивниот „нов светски поредок“.

Глобалистите предлагаат елитни „чувари на демократијата“

Шваб тврди дека резултатите од неодамнешните избори во САД се доказ дека САД повеќе не се способни сами да се управуваат. (?!) Како решение, глобалистите (и Шваб) предлагаат укинување на изборите и воведување систем во кој службениците би биле случајно избрани од група кандидати контролирани од елитни „чувари на демократијата“. Адам Грант, член на СЕФ и советник на Бил Гејтс, отворено изјави дека „елиминирањето на изборите“ би обезбедило поголем „интегритет на владата“. Според нивните планови, САД би станале подредени на централизирана глобална влада, додека илузијата за демократија би била заменета со авторитарно владеење.
Една од клучните алатки во оваа агенда е вештачката интелигенција, која, според Шваб, би можела да го следи населението, да го смири отпорот и да обезбеди спроведување на правилата без прашање. Овој план вклучува и создавање глобални кризи, како што се пандемии, за да се принудат нациите на покорност. Луѓето од Давос го опишуваат Шваб како „параноичен и вознемирен лидер, кој сè повеќе ја губи контролата“ како што расте отпорот кон неговите планови.
Целта на Шваб е да го собори американскиот устав и да ги потчини слободните земји на глобалистичката агенда. Шваб на затворени состаноци презентирал пет главни ризици што го загрозуваат светот во 2025 година. Иако на прв поглед тоа се предизвици со кои се соочува човештвото, подетален поглед открива дека многу од нив се дел од план што им користи на глобалистичките интереси. Пандемиите, климатските кризи и воведувањето дигитална контрола се претставени како „решенија“ за проблемите што самите глобалисти активно ги создаваат. Желбата на Шваб е да обликува послушно и лесно контролирано човештво.

Дојавувачите (свиркачите) од СЕФ почнаа да ги разоткриваат темните планови на глобалистите

Иако Шваб и неговите поддржувачи се обидуваат да ја спроведат својата агенда зад затворени врати, гласовите на отпор стануваат сè посилни. Дојавувачите од рамките на СЕФ почнаа да ги разоткриваат темните планови на глобалистите, како што свеста за заканите што произлегуваат од Давос расте низ целиот свет. Пораката е јасна: време е народот да се обедини во одбрана на слободата и правото на самоопределување. Ова е историски момент – борбата против глобалистичката агенда бара будење на секој поединец. Ако не се преземат мерки сега, темелите на слободното општество може да бидат изгубени засекогаш. Борбата не е завршена – таа само што започнува, а визијата на Шваб за светот не смее да стане реалност.
Моделот од Давос на неолибералниот модел на општество, кој се прошири низ целата планета и уништи многу економии, е потрошен. Стана извор на уништување и се трансформира во инструмент за глобален грабеж, што го ослабна самиот колективен Запад. Официјалната визија на Давос за функционална глобална економија не успеа и може да се процени, иако ова сè уште не е отворено признаено, дека Давос губи какво било пошироко глобално значење.
Дали заминувањето на Шваб, добро познат претставник на глобалистичката идеологија, што означува крај на една ера за форумот, ќе донесе промени, останува да се види.

Д-р Дејан Јововиќ