Првите седум свитоци најдени во пештерата 1 кај Кумран се Свиток на Исаија (1QIsaa), втора копија од Исаија (1QIsab), Правило на заедницата (4QSa-j), Хабакук коментар (1QpHab), Воениот свиток (1QM), Химни на благодарност (1QH) и Апокрифи за потеклото (1QapGen).
Свитоците од Мртво Море се стари еврејски верски ракописи, претежно напишани на хебрејски јазик, најдени во пештерите кај Кумран во близината на Мртво Море. Илјадници фрагменти од текстови биле откриени во областа на Мртво Море. Тие претставуваат остатоци од поголеми ракописи, кои биле оштетени од природата или од луѓето. Најголемиот дел од нив имаат само остатоци од текстот. Сепак, малиот број добро зачувани, речиси непроменети ракописи што преживеале – се помалку од дванаесет.
Истражувачите собрале колекција од околу 981 различен ракопис – откриени во 1946/47 и во 1956 година – во 11 пештери. Пештерите се наоѓаат на околу 1,6 км западно од северозападниот брег на Мртво Море. Постои научен консензус што ги датира Кумранските свитоци дека потекнуваат од последните три века пред нашата ера и првиот век од нашата ера. Бронзените монети пронајдени на истото место се од времето на Јован Хиркан (на служба од 135-104 година пред нашата ера, па сè до периодот од Првата еврејско–римска војна (66-73 од нашата ера), со што се потврдува и датирањето на свитоците направено според неколку анализи.

Свитоците од Мртво Море се најдени во дванаесет пештери во местото познато како Кумран блиску до Мртво Море на западниот брег од реката Јордан, меѓу 1946 и 1956, од страна на бедуински овчари и група археолози. Практиката на криење свети ракописи во пештери или под земја ја имале древните Евреи.
Ракописите најдени кај Кумран се во два формата: свитоци и фрагменти, односно делови од свитоци. Во пештерата број 4 фрагментите биле искинати на 15.000 парчиња. Овие ситни парчиња се проблем за науката. Џ.Л. Хардинг, директорот на јорданското одделение за антиквитети започнал да ги составува парчињата, и по 40 години сè уште не завршил.
Првите седум свитоци најдени во пештерата 1 кај Кумран се Свиток на Исаија (1QIsaa), втора копија од Исаија (1QIsab), Правило на заедницата (4QSa-j), Хабакук коментар (1QpHab), Воениот свиток (1QM), Химни на благодарност (1QH) и Апокрифи за потеклото (1QapGen).

Правило на заедницата
Правило на заедницата со ознака 1QS е еден од првите свитоци откриени кај Кумран, дел од свитоците од Мртво Море. Правилото на заедницата е главен документ според кој се оценуваат другите ракописи дали се секташки или не.
Ракописот бил најден во пештерата 1 и на почетокот бил наречен „Правила за дисциплина“ од страна на Милар Бароу. Денес има ознака 1QS. Многубројни фрагменти од овој документ биле најдени во пештерите 4 и 5 (4QSa-j, 5Q11, 5Q13). Други два документа, Правило на конгрегацијата (1QSa) и Правило на благословот (1QSb), биле најдени во истиот свиток како 1QS. На почетокот се сметало дека се дел од Правило на заедницата, но денес се сметаат за посебни. Правило на заедницата содржи текстови во кои има зороастриско и римско влијание, во кои се зборува за војна меѓу ангелот и злото, кои се претставени како Темнина или Сатана наспроти Синовите на Израел или Светлината.
Меѓу научниците постои дебата за тоа каква е поврзаноста на овој текст со заедницата што живеела во близина. Повеќето се согласуваат дека тука живеела заедница на луѓе со еврејска религија, идентификувани како Есени.
Интересно е да се напомене дека овој свиток содржи ритуал за прочистување со потопување, а во близината на Кумран биле пронајдени десет ритуални бањи. Голем дел од дебатата за тоа дали овие луѓе биле Есени е поврзана со описот на Јосиф Флавиј за Есените, кој ги опишува другите „филозофски школи“ во детали.
На пример, Јосиф опишува детали за тоалетните навики на машкиот монашки ред, а откритијата на тоалети кај Кумран се различни од она што го опишал Јосиф. Друга дилема што се појавува во врска со тоа дали тие луѓе биле Есени е поврзана со жените. На гробиштата се најдени неколку костури на жени, што укажува дека луѓето што живееле тука не биле Есени.