Дали некогаш сте се разбудиле со главоболка и не знаете што ја предизвикало? Некои луѓе велат дека тоа е едно од најлошите чувства, а експертите веруваат дека виновникот може да лежи во четири вообичаени работи за кои можеби не сме свесни. Според Фондацијата за спиење, приближно еден од 13 луѓе страда од утрински главоболки, а тие се особено чести на возраст од 45 до 65 години.
Некои причини за главоболка бараат медицинска интервенција, но други може да се ублажат со едноставни промени во навиките на животниот стил. Издвојуваме четири вообичаени причини, а веројатно не сте размислувале за нив:
Чкртање со забите: Чкртањето со забите или бруксизмот е честа причина за утрински главоболки. Неволното чкртање или стискање на забите може да се случи додека спиете или сте будни. Британската национална здравствена служба откри дека бруксизмот може да биде поврзан со стрес или анксиозност. За да се справите со бруксизмот, експертите обично предлагаат употреба на лекови против болки и пакети со мраз за ублажување на болката, заедно со усвојување техники за релаксација пред спиење. Тоа може да биде слушање музика, вежби за дишење или целосна темнина во спалната соба, пронајдете што ви е убаво.
Алкохол: Алкохолот е често виновник за мачна главоболка по будењето. Причината лежи во етанолот, природен диуретик што се наоѓа во сите алкохолни пијалаци. Тој ја зголемува загубата на вода во телото, што доведува до хемиски дисбаланс и дехидрација. Покрај тоа, некои засилувачи на вкусот, исто така, можат да придонесат за главоболки. За да се обидете да ви се олесни утрото, експертите препорачуваат да се рехидрирате пред спиење по вечерта на пиење алкохолни пијалаци, а исто така задолжително е да избегнувате алкохол најмалку 48 часа по будењето.
Несоница: Оние што страдаат од несоница може да се разбудат порано од планираното и да им биде многу повторно да заспијат, што доведува до замор и главоболки по будењето. Различни работи како стрес, бучава, непријатен кревет и перница и премногу кофеин може да ја влошат ситуацијата. Сепак, има нешто што може да помогне, а тоа е поставување распоред за спиење. Опуштете се еден час пред спиење, погрижете се вашата соба да биде темна и тивка и секогаш легнувајте во исто време, тоа ќе направи разлика.
Кофеин: Исклучувањето на кофеинот може да биде решение за утринските главоболки, тврдат експертите. Го има во кафето, чајот и газираните пијалаци и ја инхибира чувствителноста на аденозин, хемиско соединение во нашето тело што прави да се чувствуваме сонливо. Зависноста и одвикнувањето од кофеин може да бидат причина за главоболки. Тоа е стимуланс, што значи дека помага побрзо да се испумпува крвта низ телото и да доставува кислород до мускулите, но исто така ги стеснува крвните садови околу мозокот. Неговиот ефект варира од личност до личност, но може да биде причина за утрински главоболки.