Старата „хонда акорд“, напојувана од моторот „теслонда“, може да оди од 0 до 60 километри на час за 2,45 секунди. Тоа е побрзо од автомобилите „бугати вејрон“ и „ламборгини хуракан“. Џим Белошиќ и Мајкл Метјус ја претворија „хондата“ во моќно возило напојувано од струја и „распбери пи“. „Теслонда“ е неверојатен проект, кој преку „распбери пи“ го претвора стариот „хонда акорд“ во електричен автомобил со мотор од „Тесла“. Многумина се сеќаваат на својот прв автомобил, но многу малку од нив при следната можност го заменуваат својот стар автомобил со некој понов што е со подобри перформанси. Но Џим Белошиќ во својата стара „хонда акорд“ од 1981 видел голем потенцијал. Наместо да го продаде, тој одлучи да го воведе во 21 век.
Според тоа, тој во својот автомобил инсталира електричен мотор од моделот „тесла С П85“. Освен замената на моторот, беше вклучена и замена на системот за управување и суспензијата и движење на предниот крај на правата оска за да се приспособи на батеријата. Џим, исто така, на автомобилот му додаде гуми за трки. Тој вели дека тоа му дава карактер на автомобилот. Но она што го прави автомобилот мошне посебен за нас е интеграцијата на „распбери пи 3“. Ова го направи неговиот пријател за развој на автомобили и за развој на софтвер, Мајкл Метјуз. Како и напојување на електронската табла, „распбери пи“ овозможува повратна информација и конфигурација за хардверот на моторот. Постојано може да ги следи нивоата на температурата на батериите и на моторот, за да се осигури дека автомобилот не ги преминува границите. „Пи“ исто така може да се користи за контрола на влечење и за менување на нивото на напон и струја до моторот.
– За овој конкретен проект, сакав директно да влезам во елементот „ХТМЛ5 канвас“, кој може да исцрта графики преку „Јаваскрипт“, бидејќи сфатив дека би можел да контролирам, како и кога нешто се повлече на екранот. Можев да го направам да работи мошне добро на „пи“. Би можел да направам прототип што работи многу брзо користејќи веб-технологија. Исто така, сакав да му дозволам на кој било уред да се поврзе со него преку вифи, преку веб-сервер. Со тоа да може да ги следи, контролира и да ги најавува податоците на задниот крај преку веб-апликација – објаснува Мајкл.
Вклучете го автомобилот, притиснете го прекинувачот за да ја активирате навигациската табла, а „пи 3“ ќе се подигне со фантастичен екран, кој потсетува на аркадна игра во 1980-тите. Ги покажува брзината, напонот на батеријата, полнежот и температурата, меѓу другите атрибути – додава тој.
Мајкл вели дека наскоро ќе се поврзе со џипиес за да се овозможи вчитување на забрзување и читања на г-силата.
Кога „распбери пи 3“ во „теслондата“ се вчитува, во форма на забавна видеоигра се отвора секвенца во 1980-тите. Почетната тема е слика од „Хонда“ од 1981 година. Според Мајк, целта е навигациската табла да изгледа забавно интерактивна.
Има голема табела со највисоки резултати од 0 до 60.
– Јас направив некои истражувања за тоа како изгледале дигиталните табли во раните 1980-ти години. Откако разгледав повеќе, ја најдов мојата инспирација од дигиталната табла на „митсубиши корида“ од 1982-ат.
На таблата се прикажуваат брзината, во која брзина се наоѓа менувачот, напонот, засилувачот, температурата, моќноста и многу други спецификации.
– Сакав возачкото искуство да се долови како чувство како да сте во аркадна игра – додава Мајк.