Фото: МИА

Пензионерите кои  протестираа за линеарно зголемување на пензиите на денешната прес-конференција во Штип побараа ново раководство на Сојузот на пензионери, a државните институции и Владата да се изјаснат какво зголемување на пензиите ќе имаат од 1 септември 2025 година, дали линеарно или процентуално.

Трајче Митев претставник на Иницијативниот одбор од Штип истакна дека посебно се револтирани на последната изјава на актуелната претседателка на Здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

-Од ова денеска што сме собрани треба да произлезе дека претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова во весникот „Пензионер плус“, која е и уредник на истиот, има напишано многу негативни работи што се однесуваат на пензионерите. Она е спротивна на работата и на активностите на пензионерите – вели Митев.

На денешната прес-конференција присуствуваа членови на Иницијативниот одбор на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите од повеќе градови во земјата. Трајче Станојков пензионер од Свети Николе вели дека посебно ги иретира што во весникот „Пензионер“ е напишано дека актуелното раководство на Сојузот на пензионер се заслужни за линеарното зголемување на пензиите. Тој истакна дека Иницијативниот одбор на пензионерите од општините низ земјава се заслужни за ова линеарно зголемување на пензиите, кои речиси две години секојдневно протестираа во своите градови, а имаа и протести во Скопје. Станојков порача дека потребни се избори за ново раководството на Сојузот на пензионери, бидејќи атуелното раководството не работи во интерес на сите пензионери.

-Значи изречно го демантираме дека таа и нејзиниот Управен одбор беше за линеарното зголемување на пензиите. Ако тоа беше така, зошто нас не пречекуваше со кордони полиција и пред нејзиното седиште и пред Влада, пред Собрание и пред Америчката амбасада, со снајпери таму не пречекуваше. Ако била поддржувач на нас требаше да дојде и со нас да биде и да ни биде водач. Таа упорно тоа го избегнуваше – вели Станојков.

Пенизонерите кои бараа линеарно зголемување на пензиите на денешната прес-конференција истакнаа дека актуелното раководство на Сојузот на пензионери мора да си заминат, бидејќи какошто велат се избрани на вештачки начин. Посочија дека новото раковоство ќе се бира на демократски начин, со избори низ Здруженијата на пензионерите и нема да бидат само од Скопје, туку и од градовите низ земјава. Станојков истакна дека новото раководство ќе ја зголеми отпремината за починат пензионер, која се исплаќа на семејството од 35.000 на 50.000 денари.