Автор: Д-р Стојанчо Рамов, интернист во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци
Фукнционални пореметувања на ГИТ Функционалните пореметувања на дигестивниот систем сочинуваат широка основа различни пореметувања со релативно висока инциденца и преваленца во развиениот свет. Најчести функционални пореметувања се функционална диспепсија, синдром на иритабилно црево и функционална опстипација. Имено, дијагнозата на наведените болести се поставува на темел на клиничка слика со исклучување на другите етиолошки фактори (метаболни, инфективни, неопластични и други пореметувања на ГИТ).
Синдром на иритабилно црево
Синдом на иритабилно црево (SIC) припаѓа во гупата најчести болести на ГИТ (преваленца во западен свет 8-20%). SIC, го дефинираме како хронично функционално пореметување на ГИТ во отсуство на органски супстрат. Карактеризиран е со симптоматологија како што се болки во абдомен поврзани со дефекација, вклучувајќи дијареа и/или констипација (промена во конзистенција на столица) најмалку 3 дена месечно во изминатите 3 месеци, промена во зачестеност на столица – пореметување на дефекција и/или дистензија на абдомен. Епидемиологија 10 дo 20% од возрасната популација имаат SIC со тоа што, во поголем процент е застапена кај женска во однос машка популација (2-3 пати почеста). 50% почести се тегобите пред 35тата година односно, преваленца е помеѓу 2. и 3. декада и помеѓу 5. и 6. декада од работо-способната популација, доека инциденцата е во пораст. Нискиот социо-економски статус и образование, нередовната исхрана, недоволната телесна активност, зголемена телесна маса, како и особи кој покажуваат знаци на анксиозност и депресија се таргетираните групи за SIC.
Етиологија и Психолошко пореметување – 70 до 90% од болните (депресија, соматизација, афект). Хипермотилитет на црева (резултат на намелен праг на надрзливост на различни стимулуси). Значајна улога има и модерен начин на живот и исхрана која подразбира брза конзервирана храна, преосетливост на адитиви, конзерванси. Од неурохуморални и хормонални фактори споменати се: холецистокинин, секретин, глукагон и ВИП.
Патогенеза
Во подлога се: Moторна и сензорна дисфунција и миоелектрична активност на црева. Постојат типа миоелектрична активност: – електрична контролна активност (ECA) или спори валови, и – надразнителна електрична активност (ERA) која се суперпонира на спори валови. Болните со SIC се разликуваат во однос на здрави особи и во базална фреквенција на спори валови, миоелектричен одговор на храна и антихолинергичен ефект на храна индуциран од миоелектричен ефект на црева.
Клиничка слика на SIC
1. Доминантни болки во средни/долни партии на абдомен
2. Надуеност
3. Нередовно цревно празнење
4. Доминантни проливи
5. Доминантна констипација – Bristol Stool Form Scale -со опишан облик на столица: – Формирана столица, грутчеста. – Формирана столица, со пукнатини на површина. – Формирана столица глатка и мека. – Одвоени тврди грутки, во вид на лешник (тешко проаѓаат). – Меки грутки со јасни рабови (лесно проаѓаат). – Меки грутки со нерамни рабови, кашеста столица. – Потполно течна столица.
6. Промени во расположение
Симптоми на рекурентна абдоминална болка или нелагодност, 3 дена месечно во тек на претходни 3 месеци придружени со 2 или повеќе симтоми: Чувство на олеснување после дефекција, појава на болка или нелагодност поврзани со промени и честота на празнење на столица,
Болка/нелагодност – промена во облик на столица (тврда или воденеста). Симптомите кои се присутни најмалку 3 месеци со почеток симптоми и/или 6 месеци пред дијагноза. Нелагодноста, претставува неугодно чувство кој не се опишува како болка. Во патолошки и клинички истражувања , препорачана е честота болки/нелагодност од барем 2 дена неделно.
Терапија
Фармакотерапија – насочена според специфични симптоми.
1. Примарна линија на терапија: Дијареја: Антидијареици (лоперамид, холестирамин, ондастерон); Констипација: псилиум, лактулоза, пелиетиленгликол (PEG), цисаприд; Абдоминална болка: мебеверин, антихолиенергици, инхибиторни на калциумови канали; Надуеност: симетикон
2. Секундарна линија на терапија: TCA (трициклични антидепресиви)