Во провинцијата Јунан е откриено огромно количество на ретки метали. Оваа вест одекна силно не само во Кина и Азија туку на сите континенти. Во моментот кога постои исклучителен глад на глобалниот пазар за т.н. ретки минерали, Кина исчекори со„чекор од седум милји“ токму со „витаминска инјекција“ за индустриите што животно зависат од овие метали, пронаоѓајќи енормни количества ретки минерали што се вградуваат во високотехнолошки апликации
Новото огромно наоѓалиште за ретки метали во Кина, во провинцијата Јунан, содржи околу 1,15 милион метрички тони средни и тешки елементи од повеќе ретки минерали. Тој волумен на прасеодимиум, неодимиум, диспрозиум и тербиум може да го преобликува стратегиското планирање на неколку клучни пазари во глобалниот свет.
Важноста на откритието
Аналитичарите исклучително внимателно ги следат откритијата во провинцијата Јунан. Тие веднаш реагираат афирмативно истакнувајќи дека „овие ресурси ќе бидат добредојдени за напојување електрични возила и инфраструктура за обновлива енергија“. Овие ретки минерали (кои вклучуваат 17 хемиски слични елементи) често се користат во паметни телефони, сателити, ласери, катализатори и специјализирани магнети. Тие понекогаш се нарекуваат витамини на модерната технологија, бидејќи мало количество може значително да ги зголеми перформансите на производот.
Аналитичарите во своите коментари се едногласни во заклучокот дека „владите низ светот ставаат зголемен акцент на сигурно снабдување со елементи што можат да ја одредат силата на производството“.Ретките минерални елементи се присутни во одбранбените технологии, медицинските уреди, турбините на ветер итн.
Уникатен вид на наоѓалиште на ретки минерали
Истражувачите првпат идентификуваа ваков сличен тип на наоѓалиште во провинцијата Џиангкси во 1969 година. Во еден настан минатата година научниците открија два претходно непознати минерала во Бајан Обо во Внатрешна Монголија.
Друг значаен развој вклучуваше големо златно откритие во округот Пинџијанг на длабочина од над 6.500 стапки (1.980 метри). Откриени се повеќе од 40 правци, зголемувајќи ја довербата во минералниот потенцијал на регионот.
Овие минерали би можеле да отворат нови патишта за апликации што вклучуваат разни примени.
Следуваат усовршување на екстракцијата, реевалуација во трговските практики и проширување на индустриската палета
Аналитичарите предвидуваат и натамошни откритија за вакви ресурси во Кина. Нивните информации се и дека Кина динамично ги усовршува своите техники за геохемиско истражување. Аналитичарите веруваат дека сегашното откритие во Јунан може да поттикне реевалуација на глобалните трговски политики. Кинескиот геолошки институт смета дека наоѓалиштето Јунан е стратегиско откритие што ќе донесе и стратегиска предност на глобалниот пазар во корист на Кина.
Откритието е многу значајно за зајакнување на предноста на Кина во ресурсите на ретки минерали, за подобрување на синџирот на индустријата за ретки минерали и за понатамошно консолидирање на стратегиската доминација на Кина во средните и тешките ресурси на ретки минерали, велат експертите за висока технологија.