Јадењето храна при чие производсто се создава малку јаглерод помага да се намалат емисиите, но некои намирници всушност го цицаат јаглеродот од атмосферата. Сите знаеме дека производството на најголем дел од храната создава емисии на стакленички гасови, поттикнувајќи ги климатските промени. Овие емисии доаѓаат од стотици различни извори, вклучувајќи и од тракторите што користат гориво, како и од производството на ѓубрива. Генерално, производството на храна придонесува за една четвртина од емисиите на стакленички гасови.
Намирници што отстрануваат повеќе стакленички гасови
Сепак, постојат некои намирници што отстрануваат повеќе стакленички гасови отколку што испуштаат. Тие често се нарекуваат јаглеродно негативни намирници. Нивното производство и консумирање може да помогнат да се намали јаглеродниот отпечаток на нашата храна и, во некои случаи, да се обноват екосистемите во процесот. Кога растат растенијата, тие внесуваат јаглерод диоксид (ЦО2) од воздухот, но кога ние (или животните) ги метаболизираме тие растенија, овој ЦО2 обично се ослободува директно назад во воздухот.
Сепак, поради тековните емисии, мораме трајно да го отстраниме јаглеродот од атмосферата, складирајќи го длабоко во морето, карпите, почвата или во дрвјата. Постојат неколку прехранбени производи и производствени практики што го прават тоа. Такви се, на пример, морските алги. Како што растат алгите и макроалгите, тие внесуваат ЦО2 во себе. Делови од алгите се откинуваат и се движат кон длабокото океанско дно каде што се складира дел од јаглеродот. Овие отстранувања се релативно мали по килограм алги, така што храната базирана на алги е одлична. Консумирањето алги може да биде поттик за обновување на природата и за ублажување на климатските промени.
Бактериски производи
Бактериите што оксидираат метан се група бактерии што се наоѓаат во неколку различни средини. Ова е многу корисно бидејќи метанот е моќен стакленички гас, при што секој килограм предизвикува 30 пати повеќе затоплување од ЦО2 во период од 100 години. Затоа, консумирањето производи што ги содржат овие бактерии би го претворило моќниот стакленички гас (метан) во многу понемоќен (ЦО2). Производите што содржат ваков тип бактерии – како што се протеинските прашоци или различни замени за месо – најверојатно ќе бидат негативни на јаглерод, иако денес не се многу достапни во продавниците. Меѓутоа, во 2023 година, „Финска солар фудс“ лансираше сладолед во Сингапур што вклучува протеин направен од друг вид бактерии, што покажува дека може да постои пазар за ваков тип прехранбени производи.
Боровинки и целер
Во влажната почва органскиот јаглерод може да се акумулира побрзо отколку што се распаѓа. Неколку производи може да се одгледуваат на влажни тресети, вклучувајќи боровинки, брусница и целер. Затоа, храната што се одгледува на овој начин има потенцијал да биде негативна на јаглеродот, доколку нивните синџири на снабдување се исто така високоефикасни за јаглерод. Ова не е случај со свежите боровинки, кои често се пакуваат во пластика и се транспортираат низ светот од земји како Перу, што ги прави храна со екстремно високо количество јаглерод. Иако јаглеродно негативните производи од тресети постојат, тие се многу ретки и во моментов тешко се идентификуваат во продавниците.
Јаткасти плодови, маслинки и агруми
Садењето дрвја на земјоделски површини складира јаглерод. Во текот на изминатите 20 години, глобалната површина под јаткасти плодови се удвои, а голем дел од оваа експанзија се случи кај земјоделските култури. Дури и земајќи го предвид целиот синџир на снабдување, типичните јаткасти плодови што ќе ги купите во продавниците денес отстрануваат околу 1,3 кг ЦО2 по кг. Овие отстранувања продолжуваат додека дрвјата не достигнат зрелост, обично околу 20 години. Ако дрвјата се користат за производство на долготрајни производи на крајот од нивниот животен век, овој јаглерод може да се чува многу подолго.