Кина се позиционира како лидер во беспилотните аеронаутички технологии
„CH-YH1000“, транспортно беспилотно летало развиено од кинеската компанија „Ејроспејс си-ејч ју-еј-ви“, неодамна го заврши тестот со полно оптоварување во реални работни услови на аеродромот „Жангхе“ во Џингмен, кој се наоѓа во провинцијата Хубеи. Наменет е за мисии за логистички транспорт, како и за итна помош.
За време на тестот, „CH-YH1000“ беше ставен на тест во реални услови, навигација на аеродромската писта со целосно оптоварување, додека ја проверуваше функционалноста на неговите основни системи, како што се погон, сопирачки и маневри со мала брзина. По успешното тестирање, инженерите на „CH UAV“ најавија дека ќе бидат направени дополнителни приспособувања пред првиот лет на „CH-YH1000“, кој се очекува во наредните месеци.
Дронот кога ќе полета треба да има носивост од 1.000 килограми. Дронот е дизајниран да носи тешки товари додека одржува мала потрошувачка на енергија, овозможувајќи долготрајни мисии. Тој е способен, тврдат производителите, да лета повеќе од 10 часа, што го прави многу конкурентен во својата класа. Со максимална тежина на полетување од 2.300 килограми, максимална брзина од 200 km/h и максимална висина на летот од 8.000 метри, „CH-YH1000“ поседува карактеристики што го прават погоден за широк опсег на мисии. Тоа не е единствениот ваков дрон.
Затоа, развојот на „CH-YH1000“ ја одразува амбицијата на Кина да се позиционира како лидер во беспилотните аеронаутички технологии, сектор што брзо се шири на глобално ниво.
На крајот на минатата година, Кина го претстави и транспортниот дрон „W5000“ на саемот за опрема во Жухаи, именуван по капацитетот на носивоста од 5.000 килограми и со максимален домет од 2.600 километри, со брзина на крстосување до 526 км/ч. Максималната тежина на полетувањето на дронот е 10.800 килограми, пишува „Вор зон“. Распонот на крилата и должината на дронот се околу 23 метри.
„W5000“ е компатибилен со стандардни товарни палети, кои може да се товарат и истоварат преку задна рампа и врата во задниот дел на трупот. Дронот е дизајниран да може да користи помали аеродроми за општа авијација, како и аеродроми за комерцијална авијација. Надлежните ги очекуваат првите 30-50 вакви беспилотни летала во кинеската војска до крајот на оваа година. Тие веќе се во опсегот на средно транспортен авион.
Кина работи на сличен товарен авион без екипаж, од компанијата „Тенген“, со дизајн со два мотора, но носивост од околу 2.000 килограми. Кинеската државна телевизија прикажа снимка од пробниот лет. Распонот на крилата е околу 16 метри.
За споредба, „Xi’an Y-7“ – кинеска верзија на двојниот турбоелисен „Ан-26“ од советската ера – сè уште главниот тактички транспортер со средна големина што се користи во Кина, има носивост од 5.500 килограми.