Фото: Пиксабеј

За првпат во својата модерна историја Франција влезе во новата година без реален буџет, откако пратениците не му дадоа доверба на премиерот Мишел Барние поради неговите планови да го намали огромниот буџетски дефицит на земјата, кој минатата година изнесуваше 6,2 отсто од францускиот БДП. Француски премиер Бајру „направи, повеќе или помалку, најдобро што можеше, но тоа најдобро воопшто не е многу и воопшто не е доволно“!

Франција пред влегување во сериозна економска криза

„Франција забрзано се движи кон економска криза!“ Оваа изјава одекна исклучително гласно во светските медиуми, а беше искажана од еден од најистакнатите светски економисти, Оливие Бланшар, поранешен главен економист во Меѓународниот монетарен фонд. Неговите ставови, предвидувања и проекции во светската економска јавност секогаш се проследуваат со големо внимание.
– Владеењето во Франција ја доведе републиката до опасна точка, со тоа што владите не ги донесоа неопходните, но политички непопуларни одлуки за балансирање на нејзиниот буџет. Апсолутно не го правиме она што е потребно, тоа е сигурно – рече Бланшар.
Бланшар, кој се врати во Франција по 50-годишна кариера во Технолошкиот институт во Масачусетс, САД, рече дека „падот на пазарот сè уште не е неизбежен, но дека е на повидок “.
За првпат во својата модерна историја Франција влезе во новата година без реален буџет, откако пратениците не му дадоа доверба на премиерот Мишел Барние поради неговите планови да го намали огромниот буџетски дефицит на земјата, кој минатата година изнесуваше 6,2 отсто од францускиот БДП. Наследникот на Барние, Франсоа Бајру, исто така се декларираше дека ќе му даде приоритет на намалувањето на дефицитот, но предложи малку помалку амбициозни даночни зголемувања и намалување на трошоците за да придобие повеќе пратеници.
Економско-финансискиот експерт Оливие Бланшар рече дека владата на новиот француски премиер Бајру „направи, повеќе или помалку, најдобро што можеше, но тоа најдобро воопшто не е многу и воопшто не е доволно“! Тој додаде дека сегашниот ќор-сокак, во кој ниту една политичка група нема мнозинство во парламентот, не помага.
– Засега француските партии не се подготвени да прифатат нешто што е неопходно. Ќе настапи буџетска криза, можеби финансиска криза, за партиите да седнат и да кажат дека нешто ќе направат – рече Бланшар.
Бланшар додаде дека не мисли дека Брисел, кој ја стави Франција под лупа за прекумерен дефицит поради прекумерно трошење во 2023 година, има моќ да ја стави земјата да се движи во вистинската насока.
– Брисел нема практични алатки за да ја принуди Франција да вложи поголеми напори, само пазарите можат да го направат тоа – рече тој. 07С.Т.