Многумина би ја сметале оваа критика за храбра, но награда како што е „златна палма“ на еден од најреномираните филмски фестивали во светот носи своја тежина. Сите знаеме колку е тешко да се направи филм, а пред сѐ тој да биде издржан, квалитетен и да најде пат до публиката. „Анора“ без сомнеж е одличен филм. Продукциските квалитети, изборот на актерите и актерската партитура што ја нудат актерите се за восхит. Особено Мики Медисон, која е вистинско откритие на Квентин Тарантино. Но дали и покрај одличната работа на актерите, „Анора“ навистина има доволно квалитет да биде рамо до рамо со другите победници на Кан? Во минатото оваа блескава награда ја добиваа филмски остварувања како што се „Такси-возач“, „Париз, Тексас“, „Напумпани фикции“, „Пијанист“, „Белата панделка“ и многу други филмови, кои во светот на кинематографијата ќе останат вечно запаметени по својот ненадминлив квалитет
Рецензија на филмот „Анора“, годинашниот освојувач на „златната палма“
Романтичната комедија на режисерот Шон Бејкер, со наслов „Анора“, ја освои главната награда, „златна палма“, на последното издание на реномираниот Филмски фестивал во Кан. Американскиот режисер, познат по своите претходни филмски успеси како што се „Mандарина“, „Црвена ракета“ и „Проектот Флорида“ беше меѓу позвучните режисерски имиња и, според многумина, заслужено се најде меѓу лауреатите за оваа престижна награда. „Анора“ е комична мелодрама и модерна реалистична приказна за современата пепелашка. Мики Медисон ја толкува водечката улога во ликот на Анора или скратено Ани. Таа е еротска танчарка што работи во ноќен клуб. Анора е средно ситуирана девојка што живее со својата сестра во едно од предградијата на Њујорк и се справува со предизвиците што го следат секој обичен човек низ секојдневието. Но нејзиниот живот драматично се менува кога една вечер во клубот наидува младиот Иван (Марк Ејделштајн), момче со руско потекло што бара девојка за забава што зборува или разбира руски. „Среќната девојка“ е Анора. Таа помалку зборува, повеќе разбира руски, па така, тие двајца ја започнуваат нивната авантура. Иван, или нагалено Вања, е разгален син на пребогат руски олигарх. Парите за него воопшто не се проблем и тој буквално плива во раскош, луксуз и задоволства. Тој ѝ нуди на Анора да му биде платена девојка за една недела, а таа нивна врска набрзо наивно преминува во брак. Иван е пресреќен што не мора да се врати во Русија кај своите родители и да ја води компанијата со својот татко, а Анора се чини дека конечно го решава своето финансиско прашање. Но покрај сето тоа, меѓу нив се развива однос што личи на љубов. Иван и Анора ги живеат нивните медени денови расфрлајќи се со богатството на неговиот татко, трошејќи на раскошни забави исполнети со многу секс, дрога и алкохол. Сето тоа не им се допаѓа на родителите на Иван. Заплетот се случува во моментот кога тие дознаваат дека нивниот сакан син се оженил со сексуална работничка (како што тие ја нарекуваат Анора), која, според нив, не заслужува да биде негова жена. Тие праќаат свои луѓе да го разубедат Иван да го прекине тој, според нив, налудничав брак и да се врати во родната Русија. Во тој момент, драмата достигнува точка на вриење и дејството кулминира.
Многумина би ја сметале оваа критика за храбра, но награда како што е „златна палма“ на еден од најреномираните филмски фестивали во светот носи своја тежина. Сите знаеме колку е тешко да се направи филм, а пред сѐ тој да биде издржан, квалитетен и да допре до публиката. „Анора“ без сомнеж е одличен филм. Продукциските квалитети и изборот на актерите се за восхит. Особено Мики Медисон, која е вистинско откритие на Квентин Тарантино. Таа за првпат во поголема улога се појави во неговиот култен филм „Беше еднаш во Холивуд“, па потоа ја видовме уште еднаш во популарната хорор-франшиза „Вресок 5“, за во филмот „Анора“ целосно да ја освои филмската публика со својот природен талент и актерска виртуозност. Но дали и покрај одличната работа на актерите, „Анора“ навистина има доволно квалитет да биде рамо до рамо со другите победници на Кан? Во минатото оваа блескава награда ја добиваа филмски остварувања како што се „Такси-возач“, „Париз, Тексас“, „Напумпани фикции“, „Пијанист“, „Белата панделка“ и многу други филмови, кои во светот на кинематографијата ќе останат вечно запаметени по својот ненадминлив квалитет.
Иван и Анора се претставени како исклучително плитки, глупави и алчни млади луѓе што мислат само на забава. И покрај тоа, може да се каже дека нивната визура во голема мера е веродостојна. Најпроблематичен дел од филмот се тројцата помошници на таткото на Иван. Станува збор за двајца Руси и еден Ерменец. Овие тројца ликови се пресликани со голема доза карикатуралност, што дури личат на кловнови. Дали преку овие ликови Бејкер сака да упати критика кон народот од источниот дел на Европа?
Изборот на Канскиот филмски фестивал во најмала рака се чини храбар кога на овој филм му ја додели главната награда. Имајќи предвид дека минатата година со „златна палма“ се закити филмот „Анатомија на падот“, а претходната година истата награда ја доби „Триаголник на тагата“, дали оваа награда за филмот на Бејкер беше очекувана? Во кој правец се движи Кан и дали можеби овој фестивал ги омекнува своите критериуми?
Првиот чин од филмот „Анора“ е мошне задоволувачки. Иако во него има непотребно нагласени моменти и огромна доза на секс, сепак може текот и нарацијата ветуваат, ако ништо друго, барем добра забава. Проблемот доаѓа со влегувањето во вториот чин. Филмот полека потонува во вител од повторувачки сцени и дијалози, кои навидум треба да бидат смешни и урнебесни, но тоа баш и не функционира. Наместо тоа, тие се напорни и се претвораат во лесна лакрдија. Се стекнува чувство дека Бејкер веќе не знае што да прави со сценариото и се чувствува доза безидејност како да се продолжи понатаму.
Визијата на Бејкер за две единки со огромни класни разлики е успешна кога ќе се погледне нивниот контраст. Но портретирањето на ликовите е проблематично. Дали пренагласената карикатуралност го руши овој концепт на режисерот?
Иван и Анора се претставени како исклучително плитки, глупави и алчни млади луѓе што мислат само на забава. И покрај тоа, може да се каже дека нивната визија во голема мера е веродостојна. Најпроблематични се тројцата помошници на таткото на Иван. Станува збор за двајца Руси и еден Ерменец. Овие тројца ликови се сведени до рамниште на кловнови. Дали преку овие ликови Бејкер упатува критика кон источноевропските народи претставувајќи ги како несмасни криминалци? Дали неговата претстава за Русите и нивната култура е реалистична или во голема мера се темели на стереотипи?
Шон Бејкер е одличен режисер, кој во минатото покажа дека знае да направи филм за високи дострели. Но, овој пат, се чини како намерно да ги спуштил своите критериуми. За разлика од него, пак, актерите одлично си ја завршија својата работа. Мики Медисон е фантастична. Таа е прекрасна млада актерка, која несомнено пред себе има блескава актерска иднина, но ликот на Анора е еден од највознемирувачките ликови некогаш испишани. Нејзиното константно врескање и драматизирање ве тера буквално да го исклучите филмот. Родителите на Иван се појавуваат во третиот чин. Неговиот татко, и покрај огромното богатство, е претставен како скромен човек што не се грижи премногу за својот изглед. Тој изгледа многу скромно и е мошне незаинтересиран што се случува со неговиот син. Додека, пак, неговата мајка, модерна дама што блеска во сиот раскош и сјај, на моменти е драматична за сцени што не ја бараат таа интерпретација. Без сомнеж, најуспешен е ликот на Игор (Јура Борисов). Младиот Русин, кој работи за богатата фамилија, слепо и послушно ги извршува наредбите на своите претпоставени, па дури и тогаш кога тие се во форма на насилство и лишување од слобода. Сепак Игор е искрен и емотивен млад човек. Под оклопот од мускули, Игор е човек со меко срце. Тој тешко се помирува со неправди и лесно се вљубува. Неговите емотивни испади често прават проблем кога е во прашање неговата професионалност.
Последната сцена во која главни актери се Анора и Игор без сомнеж е најдобрата сцена во целиот филм и јасно е дека оваа сцена му ги дава потребната длабочина и димензија. Оваа сцена ја открива длабоката емотивна болка што ја доживува Анора како еротска танчарка и стриптизерка. Неможноста да добие вистинска љубов го направила нејзиното срце како да е од камен. Но силната искрена прегратка на Иван буквално ја расплакува
Всушност, последната сцена во која главни актери се токму Анора и Игор без сомнеж е најдобрата сцена во целиот филм. Всушност, оваа сцена му ги дава на филмот потребната длабочина и димензија. Таа ја открива длабоката емотивна болка што ја доживува Анора како стриптизерка. Неможноста да добие вистинска љубов го направила нејзиното срце како да е од камен. Но силната искрена прегратка на Иван буквално го крши кафезот и ја расплакува.
Дејството во „Анора“ на моменти е непотребно развлечено и се добива чувство дека целата приказна би можела да се раскаже во половина час. Голема е разликата помеѓу првиот и вториот дел. Од едниот до другиот чин се чувствува впечатлива промена во тонот и во стилот. На моменти како целиот филм да има криза на идентитетот. Шон Бејкер очигледно бил импресиониран и опиен од актерските бравури на своите избраници, па одлучил да не пресече или да не избрише ни еден кадар. За жал, целиот филм е заснован на шокантни вредности како еротски сцени, вулгарности, насилство од секаков вид за да пополнат два часа и половина банален и стереотипен заплет. И покрај симпатиите кај публиката и добрите критики, „Анора“ можеби е најлошиот филм што победил на Канскиот филмски фестивал.