Фото: Пиксабеј

Не е невообичаено сопружниците да се караат околу имињата на бебињата, но тоа ретко завршува на суд.

На брачна двојка од јужната индиска држава Карнатака и била потребна судска интервенција по тригодишна битка за името на нивниот син. Всушност, караницата станала толку неподнослива што парот поднел барање за развод, објави Би-би-си.

Сè започна во 2021 година, кога една жена, која не сака да и биде објавено името, родила момче и отишла во домот на нејзините родители на неколку недели.

Вообичаено е жените во Индија да се преселат во куќата на нивните родители по раѓањето на детето, да се одморат и да се опорават. Обично мажот доаѓал да ги земе.

Но, кога 21-годишната жена одбила да го прифати името што нејзиниот сопруг го избрал за нивниот син, тој се вознемирил и не отишол да ги земе.

Таа го избрала името Ади – кое е составено од првата буква од нејзиното име и дел од името на нејзиниот сопруг.

Месеците се претворија во години и жената, која сè уште беше во куќата на нејзините родители, се обрати до локалниот суд во градот Хунсур во областа Мисуру барајќи финансиска поддршка од нејзиниот сопруг.

Нејзиниот адвокат МР Хариш изјави за Би-Би-Си Индија дека спорот сега ескалирал и дека таа бара развод.

„Таа сакаше пари за да се издржува бидејќи е домаќинка“, рече тој.

Случајот првично беше предаден на локалниот суд, но подоцна беше префрлен на Лок Адалат кој се занимава со арбитражни случаи. И покрај бројните сугестии од судиите, парот остана сигурен во својата одлука – додека конечно не се договорат за името што го избрал судот.

Детето сега се вика Аријавардхана, што значи „благородно“.

Двојката потоа разменила венци, кои според индиската традиција се симбол на прифаќање.

Ова не е единствениот пат во последните неколку години индискиот суд да мора да се вклучи во одлуката за избор на име за дете.

Минатиот септември, на едно девојче во Керала му беше забранет влез во училиште, откако беше откриено дека нејзиниот извод од матичната книга на родените е празен.

Нејзината мајка се обратила до судот објаснувајќи дека се обидела да ја пријави, но службениците одбиле да го пополнат формуларот бидејќи нејзиниот разведен татко не бил присутен.

Високиот суд потоа и предложи на писарницата да го прифати името предложено од мајката и да го додаде името на таткото.