ШАХ – СП ЗА КАДЕТИ, 4. КОЛО

Три поени од четири можни е резултатот во четвртото коло на македонските претставници на шаховското Светско првенство (СП) за кадети/ки во возрасните категории до осум, 10 и 12 години (играат 697 учесници од околу 65 држави) во италијанскиот град Монтесилвано. Во категоријата до 12 години, Никола Петровски (1.829 рејтинг-поени, рангиран 79. пред почетокот на СП) го победи Грузиецот Давит Берошвили (1.568. 117-от), до 10 години, Јован Вукашиновиќ (1.454, рангиран 144-ти) беше подобар од Кениецот Мануендо Сузан (157-от), до осум години, Јован Јовановски (рангиран на 107-то место) го совлада Литванецот Беназ Мазеика (114-от), а во категоријата до 10 години за девојчиња, Надица Велкова (99-та) со бели фигури загуби од Киргистанката Маргарита Полиак (1.514, 67-та). По четири кола, Перовски има два поена и е на 86-то место, Вукашиновиќ е на 143-то, Јовановски на 106-то и Велкова на 75-то, тројцата со по еден поен. Новите шампиони ќе бидат