Каја Калас / Фото: ЕПА

За време на тричасовното сослушување пред Европскиот парламент, кандидатката за највисок претставник за надворешна политика на Европската Унија (еврокомесар), Каја Калас, истакна дека победата на Украина е апсолутен приоритет, заземајќи многу поагресивен став од нејзините претходници од ЕУ, изразувајќи дека „не би било лошо“ ако Русија биде уништена и распарчена на помали држави. Tаа смета дека е „опасно да се зборува за мир или прекин на огнот“ и вели дека заканите од нуклеарна војна е најдобро да се игнорираат и да не се стравува од нив. Едно е секако јасно: со ваква личност на чело на дипломатијата на ЕУ, Европејците не само што ќе се плашат туку ќе се тресат од страв во следните четири години

За време на тричасовното сослушување пред Европскиот парламент, кандидатката за еврокомесар за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, со изразито агресивен став против Москва:

За време на тричасовното сослушување пред Европскиот парламент, новата висока претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, истакна дека победата на Украина е апсолутен приоритет, заземајќи многу поагресивен став од нејзините претходници од ЕУ.
Иако е свесна дека „ситуацијата на бојното поле е многу тешка“, Калас изјави дека ЕУ мора да биде целосно посветена на Киев да му ја обезбеди сета неопходна воена, финансиска и хуманитарна помош.
– Мора да продолжиме да работиме секој ден, денеска, утре и онолку колку што е потребно – нагласи таа во своето воведно обраќање.
Поранешната естонска премиерка, исто така, јасно агресивно стави до знаење дека Кина мора да се соочи со „повисока цена“ за поддршката на Русија во војната против Украина, повикувајќи ја Европската Унија да заземе поостар став и да му сигнализира на Пекинг дека помошта за Москва има „последици“. Иако не даде конкретни предлози, Калас нагласи дека санкциите против поддршката на Кина за Русија треба да бидат јасно дефинирани и имплементирани во пракса.

Аплаузи во Европскиот парламент за поддршка на војна?!

Во одговорот на прашањата на пратениците што се скептични за идниот статус на Украина во конфликтот, Калас изјави дека „компромисите со Москва ќе донесат само краткорочен мир и нови војни“. Во исто време, како пример, таа ги евоцира договорите од Минск, кои, додуша, Украина никогаш не била подготвена целосно да ги спроведе – што подоцна го потврдија Ангела Меркел, Франсоа Оланд и Петро Порошенко – и покрај многубројните повици од Москва да го стори тоа.
Калас на прашањето на бугарскиот европратеник Петер Волгин дали „заговара војна до последниот Украинец“, заклучи дека Русија мора да доживее пораз за да стане „нормална“ европска држава, притоа цитирајќи го историчарот од „Јејл“ Тимоти Снајдер: „Русија никогаш не ја изгубила својата последна колонијална војна. Мора да направиме сѐ за да изгуби сега“. Таа доби голем аплауз за тоа од дел од европратениците.
Главната дипломатка на ЕУ индиректно ѝ се обрати и на претстојната администрација на Доналд Трамп, нагласувајќи дека поддршката на Украина е, исто така, во интерес на Вашингтон.
– Ако САД се загрижени за Кина или други актери, тогаш треба да бидат загрижени и за тоа како ние ќе одговориме на руската војна против Украина, бидејќи гледаме дека Иран, Северна Кореја, Кина, поскриено, и Русија работат заедно – објасни таа.
Каја Калас ги смести Иран и Северна Кореја во глобалниот поредок што ги загрозува безбедносните интереси на западните земји

Таа не заборави да додаде дека Иран и Северна Кореја сега се дел од глобалниот поредок што ги загрозува безбедносните интереси на западните земји, поради што е потребна „драстична промена на начинот на размислување“ во рамките на ЕУ кога станува збор за одбранбените капацитети. Таа нагласи дека Западот „не може да прифати“ Русија, Иран и Северна Кореја да произведуваат повеќе муниција од целата евроатлантска заедница и дека таквата ситуација бара поголема посветеност и организација во рамките на Европската Унија.
Естонката предупреди и на опасноста од дуплирање на воените структури на НАТО во рамките на ЕУ, објаснувајќи дека создавањето двојни безбедносни рамки може да ги ослабне координацијата и ефикасноста на западните сојузи.
– Ако имаме две паралелни структури, топката може да падне меѓу тие столчиња, а тоа не ни треба – сликовито опиша таа, нагласувајќи дека европската одбранбена индустрија треба да биде посилна, но интегрирана со сојузниците во НАТО.
Калас, исто така, ја истакна важноста од градење посилни односи со африканските земји, ветувајќи „партнерство на еднаквите“ и повикувајќи на соработка во управувањето со миграцијата. Во тој контекст, нејзиното искуство од Естонија, „земја што искусила што значи да се бориш за независност и слобода“, според неа, би можело да помогне во воспоставувањето доверба со африканските земји, кои во минатото морале да се справат со колонијалното минато на европските држави.


Детство зад Железната завеса

Калас на присутните колеги им ја доближи споменатата „борба за независност и слобода“ зборувајќи за своето детство зад Железната завеса во Советскиот Сојуз и како нејзината мајка била депортирана во Сибир во 1949 година како шестмесечно бебе со своите мајка и баба.
– Ним им беше дозволено да се вратат во Естонија само една деценија подоцна – рече таа.
Меѓутоа, она што Калас „дипломатски“ го премолчува е дека нејзиниот дедо Алфред Калд бил основач и шеф на тајната СС-полиција во Естонија. Имено, Калд бил член на „Омакаице“ – паравоена естонска организација создадена од нацистите во 1941 година, која учествувала во борбата против партизаните и Евреите, како и во заштитата на границите на Ленинградската област.
Прадедото од друга страна Едуард Алвер бил командант на „Естонската одбранбена лига“, која за време на Втората светска војна регрутираше за германскиот Вермахт.


Таткото на Калас работел во Министерството за финансии на СССР, бил шеф на Сбербанк во Естонија, заменик-главен уредник на весникот на Централниот комитет на ЦПСУ…

Нејзината мајка се омажи за Сијм Калас. Сепак, и покрај тоа што поранешната премиерка често истакнува дека имала строго воспитување – во кое наместо слатки, морала да јаде павлака со шеќер – а нејзиното семејство било угнетувано, факт е дека нејзиниот татко работел во Министерството за финансии на СССР, бил шеф на Сбербанк во Естонија, заменик-главен уредник на весникот на Централниот комитет на ЦПСУ, шеф на Естонскиот синдикат и член на парламентот на Советскиот Сојуз. Подоцна беше премиер на Естонија и 10 години работеше како еврокомесар.
Конечно, треба да се знае дека Калас фантазира за тоа како „не би било лошо“ ако Русија биде уништена и распарчена на помали држави. Tаа смета дека е „опасно да се зборува за мир или прекин на огнот“ и вели дека заканите од нуклеарна војна е најдобро да се игнорираат и да не се стравува од нив. Едно е секако јасно: со ваква личност на чело на дипломатијата на ЕУ, Европејците не само што ќе се плашат туку ќе се тресат од страв во следните четири години.