Фото: Пиксабеј

Температурата за два дена се искачи од минус 37 Целзиусови степени на минус осум, како што е забележано на мерна станица оддалечена околу 300 километри од Арктикот

Северниот Пол беше екстремно топол на крајот на декември 2015 година, при што температурите достигнаа меѓу нула и два Целзиусови степена, најмалку 20 степени над нормалните зимски температури, соопштија канадските метеоролошки служби. Температурата неодамна за два дена се искачи од минус 37 степени на минус осум, како што е забележано на мерна станица на околу 300 километри од Северниот Пол. Арктикот е делот од светот што е најмногу погоден од глобалното затоплување, со температури што според меѓународните институти се најмалку три степени повисоки отколку во прединдустрискиот период.
Русија се загрева над двојно побрзо од остатокот од светот, објави таму Министерството за природни ресурси и заштита на животната средина, посочувајќи на сѐ почестите поплави и шумски пожари низ целата земја.
Во владиниот извештај за животната средина се наведува дека Русија се загрева за 0,42 Целзиусови степена по деценија од 1975 година, што е 2,5 пати повеќе од глобалниот просек од 0,17 Целзиусови степени. Просечните годишни, есенски и пролетни температури се зголемени во сите руски региони.
Извештајот покажува дека додека Русија се соочува со затоплување низ целата земја, некои области на Далечниот Исток и јужен Сибир доживуваат сурови зими. Големи шумски пожари и смртоносни поплави ја погодуваат Русија речиси секоја година во изминатата деценија, а Министерството за вонредни состојби во октомври соопшти дека мора да донесе нова стратегија за справување со проблемите.