Фото: Пиксабеј

Еден вид пингвин, големиот аук, птица што не лета, исчезна и е целосно истребен. Додека научната заедница со помош на вештачката интелигенција ја разгледува опцијата за оживување на видот, авторот и професор Гисли Палсон ги опишува последните години на северноатлантските птици што не летаат, а кои поради луѓето беа доведени до истребување – настан што предизвика момент на сознание за деструктивните моќи на човештвото. Два зачувани примероци на голем аук се изложени во музеј во 1971 година. Последниот пар беше убиен во 1844 година. Големиот аук е голема птица што не лета и напредувала на карпестите острови во северниот дел на Атлантикот илјадници години. Меѓутоа, луѓето ги ловеле неколку стотици години, до истребување, ловејќи ги за нивните пердуви, маснотии, месо и масло. Последниот пар што се размножувал бил убиен од рибар на брегот на Исланд во 1844 година, а мажјак последен пат бил виден покрај бреговите на Њуфаундленд во 1852 година.
Во својата нова книга, антропологот Гисли Палсон ги раскажува последните години од животот на големиот аук, користејќи извештаи и интервјуа од орнитолозите Џон Воли и Алфред Њутн, кои сфатиле дека исчезнувањето на видовите не е нешто ограничено во минатото, туку опиплив процес за кој се одговорни луѓето. Големиот аук бил птица висока 80 сантиметри и доста дебела, со многу месо, која не летала, па се гнездела на гребен на кој можела да се искачи. Најголемата колонија веројатно била во Њуфаундленд, која подолго време била ловена од домородните групи во Северна Америка.
– Имаме рани антрополошки записи и археолошки докази, но тоа најмногу беше поврзано со религиозни настани и симболика, на пример народот Беотук ги собирал јајцата и ги користел во ритуали. Оваа птица се ловела на Шкотските Острови, Норвешка, Исланд и некои други места, но најмногу во Њуфаундленд. Од 1830 до 1844 г. се вгнездувала на познатиот Елдај, што значи огнен остров, а тука бил заробен последниот пар на 18 јуни 1844 година. По некое чудо, еден пар британски натуралисти останале на Исланд во 1858 година, 14 години откако бил убиен последниот пар, надевајќи се дека ќе најдат птица или јајце за музеите и нивните студии. Но биле заглавени во југозападен Исланд, премногу разочарани што не можеле да стигнат до островот. Наместо тоа, одлучиле да спроведат интервјуа и белешки. По шест недели се вратиле во Англија, а Њутн станал првиот професор по зоологија на Кембриџ и многу големо име во заштитата на животната средина и студиите за птици. Кога налетав на „Книги за диви птици“ некако случајно се зачудив. Не се сомневав дека изворот постоел и дека е читлив, но се покажа дека е доказ за исчезнувањето на овој вид – рече Палсон.