Фото: Пиксабеј

Постојат неколку причини зошто холестеролот скока, а решението е едноставно! Направете промени во вашата рутина и не грижете се повеќе! Ако сте ја испитувале крвната слика и сте дознале дека имате висок холестерол, нема причина за паника. Постојат конкретни чекори што можете да ги преземете за да го намалите или да го контролирате.
Холестеролот е вид на маснотии што телото се произведуваат во црниот дроб, а неговата улога во телото е суштинска. Тој помага во варењето, создавањето нови клетки и во производството на витамини и хормони. Меѓутоа, кога вредностите на холестеролот се покачени, тоа исто така може да биде штетно. Високиот холестерол, покрај хипертензијата, е и една од главните причини за кардиоваскуларни заболувања. Освен лошите навики во исхраната, холестеролот може да го зголемат и други фактори, како што се дијабетес, дебелина, пушење, недостиг од физичка активност, па дури и семејна предиспозиција. Откријте ги сите начини на кои можете да ја држите под контрола оваа потенцијално исклучително штетна состојба.
Зголемете ја физичката активност: Редовното вежбање не само што го подобрува расположението туку помага и да се намали лошиот холестерол, ЛДЛ, и да се подигне добриот, ХДЛ. Пешачењето, трчањето и возењето велосипед се одлични активности што имаат позитивно влијание на здравјето на срцето. Неделна препорака е најмалку 150 минути умерена физичка активност. Доколку не сте навикнати да тренирате, почнете постепено со 30 минути пешачење секој ден.
Намалете го внесувањето заситени масти: Заситените масти, присутни во месото, млечните производи и во преработената храна, придонесуваат за зголемување на холестеролот. Затоа, важно е да се ограничи нивното внесување и да се заменат со поздрави алтернативи, како маслиново масло наместо путер, како и посно месо наместо мрсно. Според стручните совети, заситените масти не треба да сочинуваат повеќе од 6 отсто од вкупното дневно внесување калории. Тоа значи дека ако внесувате 2.000 калории дневно, заситените масти не треба да надминуваат 13 грама.
Вклучете повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана: Овошјето и зеленчукот се богати со влакна, кои помагаат во намалување на нивото на холестерол. Растворливите влакна, присутни во овошјето, како кајсии, јаболка и круши, како и во зеленчукот, како бриселско зелје и морков, ефикасно му помагаат на телото да го елиминира вишокот холестерол. Промените во начинот на исхрана и воведувањето редовна физичка активност може значително да придонесат за вашето здравје и да помогнат во одржувањето на нивото на холестерол во оптимални граници.