Изминатиот викенд, на 21 септември, во Македонија се чествуваше христијанскиот празник Мала Богородица. Чествувањето доби поголемо значење со доаѓањето на иконата „Богородица Троерачица“ од светогорскиот манастир „Хиландар“ во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Богородица се смета за заштитничка на градот Скопје
Годинашното чествување на празникот Рождество на Пресвета Богородица (21 септември), познато во народот како Мала Богородица, доби посвечен и повеличествен тон со пристигнувањето на иконата „Богородица Троерачица“ од светогорскиот манастир „Хиландар“ во Скопје во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Вечерта, во пресрет на празникот, во петокот на 20 септември, иконата ја пречекаа архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и голем број свештени лица и верници. По вечерната богослужба се одржа литија низ центарот на Скопје.
На денот на празникот, во саботата на 21 септември, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје беше отслужена Света архијерејска литургија, на која началствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и гости.
Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на Свети Јован Дамаскин, кој живееше во 8 век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно Римско Царство се појави ереста на иконоборството, тогаш Светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.
Иконата „Пресвета Богородица Троерачица“ има своја долга историја. Од Дамаск, преку Палестина чудотворната икона стигнала до Хиландар. Се смета дека во времето на цар Душан престојувала во Скопје. Од тој период Богородица се смета за заштитничка на градот.
Во еден текст на весникот и веб-страницата на „Нова Македонија“, објавен на 13 октомври 2018 година, од страна на авторот Данило Коцевски, познат хроничар на градот Скопје, чии сведоштва ги пренесуваше нашиот весник, го пишува и следното: „Инаку, чудотворната икона ’Св. Богородица Троерачица’ била донесена од Ерусалим во Скопје околу 1230 година и ѝ била дарувана на катедралната црква. Тоа е посебно интересен податок. На таа икона постои уште една, трета рака, додадена во долниот агол. Подоцна иконата била пренесена од Скопје во манастирот во Хиландар и во тој манастир можела да се види во долг временски период“.
– Постои една тајна поврзана со Скопје и со старата скопска чаршија, која сѐ уште не е разгатната. Tоа не е каква било тајна. Станува збор за сѐ уште неоткриената местоположба на најголемиот и најзначаен средновековен верски храм, катедралната црква „Св. Богородица Троерачица“. Каде точно се наоѓала таа? Од духовен аспект, црквата била исклучително значајна, во неа биле крунисувани цареви, а големо било почитувањето на народот кон култот на Св. Богородица Троерачица. Средновековните сведоштва зборуваат дека таа била една од најубавите цркви во градот – има забележано Данило Коцевски во своите записи за Скопје. Годинашното чествување на празникот Рождество на Пресвета Богородица (21 септември), познато во народот како Мала Богородица, доби посвечен и повеличествен тон со пристигнувањето на иконата „Богородица Троерачица“ од светогорскиот манастир „Хиландар“ во Скопје во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Вечерта, во пресрет на празникот, во петокот на 20 септември, иконата ја пречекаа архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и голем број свештени лица и верници. По вечерната богослужба се одржа литија низ центарот на Скопје.
На денот на празникот, во саботата на 21 септември, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје беше отслужена Света архијерејска литургија, на која началствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и гости.
Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на Свети Јован Дамаскин, кој живееше во 8 век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно Римско Царство се појави ереста на иконоборството, тогаш Светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони.
Иконата „Пресвета Богородица Троерачица“ има своја долга историја. Од Дамаск, преку Палестина чудотворната икона стигнала до Хиландар. Се смета дека во времето на цар Душан престојувала во Скопје. Од тој период Богородица се смета за заштитничка на градот.
Во еден текст на весникот и веб-страницата на „Нова Македонија“, објавен на 13 октомври 2018 година, од страна на авторот Данило Коцевски, познат хроничар на градот Скопје, чии сведоштва ги пренесуваше нашиот весник, го пишува и следното: „Инаку, чудотворната икона ’Св. Богородица Троерачица’ била донесена од Ерусалим во Скопје околу 1230 година и ѝ била дарувана на катедралната црква. Тоа е посебно интересен податок. На таа икона постои уште една, трета рака, додадена во долниот агол. Подоцна иконата била пренесена од Скопје во манастирот во Хиландар и во тој манастир можела да се види во долг временски период“.
– Постои една тајна поврзана со Скопје и со старата скопска чаршија, која сѐ уште не е разгатната. Tоа не е каква било тајна. Станува збор за сѐ уште неоткриената местоположба на најголемиот и најзначаен средновековен верски храм, катедралната црква „Св. Богородица Троерачица“. Каде точно се наоѓала таа? Од духовен аспект, црквата била исклучително значајна, во неа биле крунисувани цареви, а големо било почитувањето на народот кон култот на Св. Богородица Троерачица. Средновековните сведоштва зборуваат дека таа била една од најубавите цркви во градот – има забележано Данило Коцевски во своите записи за Скопје. Ј.П.