Според студијата објавена во списанието „Рисрч ноутс оф Американ астрономикал сосајати“ (ААС), месечината е небесно тело познато како 2024 PT5, за кое се верува дека е астероид Арџуна. Астероидите Арџуна, според студијата објавена во септември 2013 година на Кралското астрономско друштво од истите истражувачи како и претходно споменатата студија, се „ситни тела што се движат во орбити со мала ексцентричност, низок наклон и период сличен на Земјата“.
Ова не е првпат објект блиску до Земјата да се приближи до нашата планета, а феномените на „мини-месечина“ се релативно чести, велат истражувачите.
– Објектите блиску до Земјата што се приближуваат до нашата планета во непосредна близина и се движат со мала релативна брзина може да се набљудуваат како мини-месечини, чија геоцентрична енергија може да биде негативна со часови, денови или месеци – се наведува во студијата на ААС, објавена месецов.
Таков пример е 2022 НХ1, што беше краткотрајна мини-месечина во 1981 и 2022 година.
Поедноставно кажано, еден од истражувачите, професорот на универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид, Карлос де ла Фуенте Маркос, изјави за „Спејс ком“ дека вистински објект што орбитира околу Земјата е „како клиент што купува стока во продавница“. Според „Спејс ком“, ваквите кратки мини-настани се „релативно чести“, но „подолгите епизоди“ се ретки, во просек се појавуваат еднаш на секои 10-20 години. Причината за исфрлање на објекти како 2024 PT5 се гравитациските нарушувања предизвикани од Сонцето. Откако 2024 РТ5 ќе ја заврши својата полуорбита на Земјата, ќе се врати во својата нормална орбита во центарот на Сонцето.
За жал, обичен набљудувач од Земјата што ги набљудува ѕвездите не може да ги види овие мини-месечини затоа што се премногу мали за да се видат со голо. Потребен е телескоп со дијаметар од најмалку 30 инчи плус детектор ЦЦД или ЦМОС за да се набљудува овој објект бидејќи 30-инчен телескоп и човечко око зад него не се доволни.
Според истражувачите, мини-месечината ќе се појави на 29 септември и се прогнозира дека ќе трае до 25 ноември.