Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан истакна дека постојат разговори со сириските власти за локацијата и датумот на средбата меѓу Ердоган и Асад, укажувајќи дека таа може да се одржи во трета земја доколку се согласат двете страни. Турскиот министер Фидан истакна дека Дамаск е подготвен да ја одржи средбата без никакви предуслови, велејќи: „Она што го видов во мојата комуникација со другата страна е дека тие се отворени за преговори. Досега не ни се соопштени никакви предуслови“
Активни политики за деескалација на судирот на Блискиот Исток од страна на САД и Русија и превентивна дипломатија за да не се прошири воениот судир
Дипломатски извори од Анкара изјавија за јавноста дека Турција и Сирија сѐ повеќе се ангажирани, со посредство и помош на „задната дипломатија“, за да се подготви терен за средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот сириски колега Башар ал Асад.
Во тој контекст, исклучително е интересен моментот дека и официјална Москва активно учествува со свое посредништво во насока на нормализирање на односите меѓу Анкара и Дамаск. Според „Хуриет“, „датумот и местото на средбата допрва треба да се договорат, но комуникацијата е во тек на линијата Анкара-Москва-Дамаск“.
Турскиот медиум „Хуриет“ пишува дека Турција и Сирија имаат актуелни нерешени прашања, а најголемото од нив е „несогласувањето околу повлекувањето на Турција од северна Сирија“. Сепак, истите извори потврдија дека е исклучително важно во овој момент на длабока криза на Блискиот Исток што побрзо да се реализира средбата меѓу Турција и Сирија и да се нормализираат билатералните односи.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан истакна дека постојат разговори со сириските власти за локацијата и датумот на средбата меѓу Ердоган и Асад, укажувајќи дека таа може да се одржи во трета земја доколку двете страни се согласат. Турскиот министер Фидан истакна дека Дамаск е подготвен да ја одржи средбата без никакви предуслови, велејќи: „Она што го видов во мојата комуникација со другата страна е дека тие се отворени за преговори. Досега не ни се соопштени никакви предуслови“.
Турските медиуми пишуваат дека „опасноста војната во Газа да се прошири и во другите области од регионот е реална, па затоа нормализацијата на турско-сириските односи стана важна“. Секоја криза во триаголникот Израел-Либан-Иран ќе влијае на две земји (Турција и Сирија) повеќе од другите. „Доколку американско-израелскиот план успее да ја пренесе војната во Либан, во Сирија ќе активираат аларм, а таквиот опасен развој длабоко ќе ја погоди и Турција“, пишуваат турските медиуми. Р.С.