Заклучоци од студија на Европската централна банка:
Зголемувањето на цената на природниот гас по избувнувањето на конфликтот во Украина и воведувањето на западните санкции против Русија доведоа до зголемување на инфлацијата во еврозоната.
Ваквата констатација ја објави реномираниот „Ројтерс“, според заклучоците од обемна студија на Европската централна банка (ЕЦБ).
Имено, според податоците на Европската централна банка, зголемувањето на цената на гасот за 10 отсто доведува до зголемување на цената за околу 0,1 процентен поен, што придонесува за постојан инфлаторен ефект повеќе од една година.
„Ројтерс“, повикувајќи се на студијата на Европската централна банка, пишува и дека „скоковите на цената на природниот гас сѐ повеќе влијаат на инфлацијата во еврозоната, иако тоа влијание досега не е толку значајно како влијанието на флуктуациите на цената на нафтата“. Цените на природниот гас драстично се зголемија по избувнувањето на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и наметнувањето на западните санкции кон Русија. Тоа ја турна инфлацијата во еврозоната на двоцифрена до есента истата година и доведе до најостриот циклус на зголемување на стапката на ЕЦБ досега.
Според студијата, гасот има третина помало влијание врз инфлацијата од нафтата, но „игра поважна улога во производството отколку во потрошувачката кошница, па затоа преовладуваат индиректни ефекти“. Според тоа, зголемувањето на цената на гасот од 10 отсто доведува до зголемување на цената за приближно 0,1 процентен поен, а тоа доведува до траен инфлаторен ефект повеќе од една година.
Сепак, порастот на цените на бензинот помеѓу почетокот на 2022 година и врвот постигнат во август 2022 година беше близу 200 отсто, што значи дека инфлацијата се зголеми за околу два процентни поена. Е.Р.