Повеќе од 500.000 соларни системи се инсталирани во Германија, а повеќето од нив заземаат место на балконите во домовите. Новите податоци покажуваат дека уште 220.000 инсталации биле инсталирани во првата половина на 2024 година.
– Соларните балкони се дел од пошироката енергетска транзиција низ Европа – објаснува Јан Осенберг, советник во „Солар паур Јуроп“.
Железнички пруги, автопатишта, паркинзи, покриви на автомобили, гробишта, фасади на згради…, списокот на структури што добиваат соларно преуредување продолжува.
Главната разлика помеѓу соларните балкони и соларните системи на покривот е тоа што тие претставуваат многу помал систем. Во основа, техниката се состои од една или две табли поврзани со електричен штекер. Тие произведуваат само околу 10 отсто од енергијата што ја произведуваат системите поставени на покривите во станбените објекти.
Се проценува дека Германија има инсталирано околу 200 мегабајти балконски соларни панели, во споредба со капацитетот од 16 гигабајти во секторот на станбените покриви. Од гледна точка на купувачот, главната разлика е во тоа што е многу полесно да се инсталира соларниот систем на балконот отколку на покривите. Комплетот може да се купи онлајн и не ви треба електричар за да го инсталира. За разлика од инсталациите на покривите, каде што се препорачуваат сертифицирани монтери за да се избегнат ризици од пожар и структурни оштетувања.
Накратко, панелите се поставуваат на префабрикувана конструкција и се прикачуваат со кабли до конвертор што ја претвора електричната енергија од еднонасочна во наизменична струја, која оди во штекерот преку обичен приклучок.