ПРОБЛЕМ СО ИНТЕРПУНКЦИЈАТА
Текстуалните пораки лесно може да се протолкуваат погрешно. Честопати не предизвикуваат погрешно толкување зборовите во пораката, туку интерпункцијата, поточно точката на крајот од реченицата во СМС.
За помладите генерации, користењето соодветни интерпункциски знаци во СМС често е многу важно, поради што се појави интересен тренд – избегнување на ставањето точка на крајот од реченицата. Овој феномен може да изгледа чуден, особено за постарите генерации, а главната причина за избегнување на овој знак е емоционалната интонација. Младите, всушност, мислат дека точката на крајот од реченицата може да звучи премногу формално, па дури и студено. Во контекст на неформална кореспонденција, точката може да се сфати како знак за завршување на разговорот или дури и како израз на гнев, пасивна агресија или фрустрација. Наместо тоа, речениците без точки оставаат впечаток на попријателски и лежерен тон. Така, точката на крајот на пораката воспоставува одредено растојание помеѓу испраќачот и примачот. Интерпункцијата е љубезна кога разговарате со некој постар од вас или со личност што е супериорна во однос на вас на работа, но е одбивно во пријателската комуникација, пишува „Њујорк тајмс“.
Гретчен Мекалох, канадска лингвистка и авторка на книгата „Затоа што интернетот“, посветила цело поглавје од својата книга на „типографскиот тон на гласот“, кое ги истражува не само точките туку и другите интерпункциски знаци како средство за одредување на тонот на пораките.