Романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски в четврток ќе има промоција во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, со почеток во 18:30 часот.
За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, кој ќе биде присутен на промоцијата.
Во врска со објавата на книгата исто така ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото Пламен Тотев (Books4All).
По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.