БРИКС има цел да ги прекине врските со американскиот долар и да користи локални валути за сите прекугранични трансакции меѓу земјите членки. Овој потег ги привлекува другите земји во развој да му се приклучат на БРИКС во 2024 година. Идејата за отфрлање на американскиот долар за локалните валути и нова глобална резерва станува сѐ попопуларна и поизвесна
Дали идејата за отфрлањето на американскиот долар за друга валута и нова глобална резерва станува извесна
БРИКС ги интензивира напорите за дедоларизација. На состанокот во вторникот, токму пред една недела во Русија, БРИКС објави дека е „во завршна фаза од својата мисија за дедоларизација“!
Според претставниците на БРИКС, нивниот нов систем на плаќање е потврден и тој ќе стане конкурент за сегашната глобална резерва – американскиот долар. Економските министри на водечките земји членки на БРИКС најавија дека се во завршна фаза на комплетирање на целосната дедоларизација. Целта на блокот е неговиот мултиполарен меѓународен монетарен систем да го означи крајот на американскиот долар како единствена глобална резервна валута.
Нов платен систем во најава
За нов платен систем се шпекулираше и се дискутираше значително време, но сега алијансата БРИКС официјално ги потврди својот развој и прва цел: американскиот долар. Економскиот сојуз БРИКС се обиде да го оспори глобалното економско статус кво во последните две години. Блокот бара зголемен отпор од финансискиот поредок во кој доминира Западот. Тие напори дојдоа во форма на зголемени практики на дедоларизација и промоција на сопствените локални валути на блокот.
Понатаму, алијансата БРИКС го иницира овој дводневен состанок со присуство на 20 земји на разговори за проширување и економска соработка. Министрите за надворешни работи на земјите што му припаѓаат на блокот во моментов се во рускиот град Нижни Новгород. Темите што беа опфатени ги вклучуваа претстојното проширување на БРИКС+, напорите за дедоларизација и градењето понатамошни економски и трговски односи меѓу себе.
БРИКС има поставено како одлучна цел да ги прекине врските со американскиот долар и да користи локални валути за сите прекугранични трансакции меѓу земјите членки. Овој потег привлекува и други земји во развој да му се приклучат на БРИКС во 2024 година. Идејата за отфрлање на американскиот долар за локалните валути и нова глобална резерва станува опипливо извесна.
Неодамнешниот предлог на алијансата БРИКС за земјите од Блискиот Исток да престанат да го прифаќаат американскиот долар за плаќања за нафта и наместо тоа да ги користат локалните валути може да има далекосежни последици за потпирањето на глобалната економија на американскиот долар. Американскиот долар е широко признаен како резервна валута и средство за размена, при што земјите чуваат резерви за различни цели, вклучувајќи и управување со економски шокови, финансирање увоз, сервисирање долгови и регулирање валутни вредности. Доминацијата на американскиот долар првенствено се припишува на неговата клучна улога во цените на нафтата, бидејќи повеќе од 90 отсто од трансакциите на девизните пазари се деноминирани во долари.
Дали дедоларизацијата ќе го намали ефектот на американските санкции?
Напорот на БРИКС за дедоларизација на меѓународниот финансиски систем има потенцијал да ја намали ефикасноста на американските санкции, кои се клучни алатки во областа на надворешната политика на САД. Доколку повеќе земји прифатат локални валути за плаќања за нафта, учеството на американскиот долар во официјалните девизни резерви би можело дополнително да се намали, што потенцијално ќе го ослаби неговиот статус како примарна резервна валута во светот.
Сепак, дедоларизацијата не е без свои предизвици. Доминацијата на американскиот долар е длабоко вкоренета, а транзицијата кон алтернативни валути би наложила безброј извозници, увозници, заемопримачи, заемодавци и трговци со валути низ светот независно да одлучат да користат други валути. Понатаму, алијансата БРИКС опфаќа различни нации со различни економски, политички и географски разлики, што донесувањето одлуки засновани на консензус го прави огромна задача.
И покрај овие пречки, алијансата БРИКС останува непоколеблива во својата потрага по дедоларизација, што може да има значителни последици за глобалниот финансиски систем и влијанието на САД. Иако оддалечувањето од американскиот долар може да ја поткопа ефективноста на американските санкции, исто така може да поттикне поголема економска и финансиска автономија за земјите учеснички, потенцијално придонесувајќи за глобалната економска стабилност.
Доминацијата на доларот ја ограничува флексибилноста на монетарната политика и негативно влијае на трговската конкурентност и економскиот раст на земјите во развој
Како заклучок, предлогот на алијансата БРИКС партнерите од Блискиот Исток да престанат да тргуваат со нафта во американски долари има глобални економски импликации. Според аналитичарите, доколку се случи оваа промена, тоа би можело да ја оспори доминацијата на доларот како светска резервна валута, што ќе влијае на американските санкции и на глобалната финансиска состојба. Пазарите во развој сѐ уште силно се потпираат на доларот, а доминацијата на доларот ја ограничува флексибилноста на монетарната политика и негативно влијае на трговската конкурентност и економскиот раст на земјите во развој.
Ова се некои од актуелните и интересни движења на глобалниот финансиски систем со кои читателите треба да бидат во тек за да го пополнат мозаикот на информации од областа на финансиите и економијата и да создадат целосна и појасна глобална слика за актуелните трендови. К.М.