Здружение на инженери на Република Македонија (ИНРМ) информира дека доставило Претставка за заштита на јавните интереси, Барање за притап до информации од јавен карактер со кое ги бара сите акти врз основа на кои се донесени дванаессетте Одлуки за утврдување на статус на стратешки инвестициони проекти до Владата, Кабинетот на Претседателот на Македонија, Собранието на Македонија до сите пратеници (секому поединечно), Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Македонија, Државното правобранителство, Уставниот суд на Македонија, Бирото за јавни набавки, Комисија за заштита на конкуренцијата, Комисијата за заштита на конкуренцијата.
-Како поткрепа на нашите оправдани сомнежи дека Законот за стратешки инвестиции е исклучително нетранспарентен и во голема мера може да продуцира ризици од корупција, во Барањето го доставивме и изворниот текст од Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупција од јуни 2020 година, каде во Прилогот 4 (Извештаи од антикорупциска проверка на легислативата) во точката 5 е извршена проверка на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија – ЗСИ, во кој Извештај се дадени заклучоци и препораки кои и покрај укажувањето на ДКСК досега не се имплементирани: Истовремено предлагаме, Владата или пратениците да ја искористат Уставната можност и да предложат сериозни измени и дополни на Законот за стратешки инвестиции, примената на Постоечкиот закон да ја пролонгираат, а одлуките донесени врз основа на овој закон да ги стават вон сила – велат од здружението.
Изворниот текст на Барањето го пренесуваме во целост
„Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република С. Македонија број 101/2019), од имателот ја барам следната информација од јавен карактер:
1.Бројот и датумот на службениот весник каде е објавена Уредбата на Владата со која се уредени начинот на подготовка и реализација на стратешките инвестициони проекти, односно акт со кој е утврден начинот на кој се спроведува Законот за стратешки инвестиции како и постапката за стекнување на статус стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учество на стручната и поширока јавност (Член 11 став 2 и член 18 од Законот за стратешки инвестиции);
2.Бројот и датумот на службениот весник каде е објавен Деловникот за начинот на работа на Комисијата (Член 12 став 1 од Законот за стратешки инвестиции);
3.Линкови од веб-страницата на Владата каде се објавени шестмесечните извештаи за стратешките инвестициони проекти за период од 20.01.2020 година до 12.02.2024 година. (Член 11 став 1 точка 11 од Законот за стратешки инвестиции);
4.Бројот и датумите на службените весници каде Владата ги има објавено јавните повици за поднесување барања за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект за годините 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024. (Член 8 став 1 од Законот за стратешки инвестиции);
5.Копија од објавите или линкови од трите реномирани меѓународни економски списанија каде се објавени јавните повици за поднесување барања за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект за годините 2020, 2021, 2022, 2023 и 2024. (Член 8 став 1 од Законот за стратешки инвестиции) и
6. Текстот на одредбата од ставот 3 на членот 16 од Законот за стратешки инвестиции кој ќе престане да важи по пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија. (Член 22 од Законот за стратешки инвестиции).
Во електронска форма барам да ни ги доставите актите од предметите за стратешките инвестициони проекти за кои се донесени и објавени Одлуки на Линкот на веб-страницата на Владата (https://vlada.mk/strateski-investicii) (Член 19 од Законот за стратешки инвестиции) и тоа за:
1.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фабрика за производство на зелена енергија“ (Службен весник на РСМ, бр. 167 од 23.7.2021 година);
2.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ветерна електрана – Вирови“ (Службен весник на РСМ, бр. 219 од 23.9.2021 година);
3.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Сончева електрична централа – Ерџелија“ (Службен весник на РСМ, бр. 217 од 20.9.2021 година);
4.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ (Службен весник на РСМ, бр. 262 од 26.11.2021 година);
5.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Грид-тиед солар плант“ (Службен весник на РСМ, бр. 274 од 10.12.2021 година);
6.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Хец Солар“ (Службен весник на РСМ, бр. 276 од 13.12.2021 година);
7.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци“ (Службен весник на РСМ, бр. 299 од 29.12.2021 година);
8.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Митилинеос Когенеративна постројка Скопје“ (Службен весник на РСМ, бр. 219 од 12.10.2022 година);
9.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ски Центар Тетово Попова Шапка“ (Службен весник на РСМ, бр. 255 од 25.11.2022 година);
10.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Фотоволтаична централа Балдовенци“ (Службен весник на РСМ, бр. 255 од 25.11.2022 година);
11.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Ениас ветерна електрана“ (Службен весник на РСМ, бр. 255 од 25.11.2022 година) и
12.Одлуката за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект „Аим греен ТЕЦХ“ (Службен весник на РСМ, бр. 97 од 9.5.2023 година).
За секој еден од дванаесетте претходно наведени Одлуки за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект ги во електронска форма ги бараме следните акти:
1.Актот со кој е определен Координаторот на проектот;
2.Актот со кој Комисијата ги има утврдено Проценките на стратешките потенцијали и оперативните ризици за проектот;
3.Актот со кој Комисијата го има формирано составот на Оперативна група за стратешкиот инвестиционен проект;
4.Имињата и биографиите на членовите кои Комисијата ги има избирано да бидат во составот на Оперативна група, а кои се од редот на вработените административни службеници од институциите, членовите на Комисијата и експертите од областа на соодветниот стратешки инвестиционен проект;
5.Записниците, составот на Комисијата и бројот на остварени средби за преговарање и датумите кога се вршени преговорите помеѓу Комисијата и стратешкиот инвеститор во однос на условите за добивање статус на стратешки инвестиционен проект, конкретно за преговорите со:
§ Правното лице Друштво за трговија и услуги ЗОКА ЕНЕРЏИ СОЛУШН увоз – извоз ДООЕЛ НЕГОТИНО, со седиште на ул. Антон Пеган бр.8 Неготино, со ЕМБС 7424299 и ЕДБ 4019020509365;
§ Правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ВЕТЕРЕН ПАРК ВИРОВИ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Македонија“ бр.25/1-6, Скопје, со ЕМБС 7462956 и ЕДБ 4080020593170;
§ Правното лице Друштво за производство на енергија ЕФТ СОЛАР ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. Партизански одреди бр.15-А-2, Скопје, со ЕМБС 7515006 и ЕДБ 4080021598842;
§ Правното лице Друштво за производство на електрична енергија ОСТРО СОЛАР ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Мирче Оровчанец 25/1-2, Скопје, со ЕМБС 7551274 и ЕДБ 4080021602165;
§ Правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Борис Трајковски 24 лок. 16, Скопје, со ЕМБС 7462921 и ЕДБ 4058020536902;
§ Правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Киро Крстевски бр.33-1 Скопје, со ЕМБС 7531290 и ЕДБ 4058021540016;
§ Правното лице Друштво за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. 1737 32/дп2, Скопје, со EMБС 7544448 и ЕДБ 4080021601592;
§ Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Димитрие Чуповски“ бр.22А/1-13, со ЕМБС 7589956 и ЕДБ 4080022606075;
§ Друштвото за трговија и услуги МТГМ – ИНДУСТРИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Мирче Ацев“ бр.2/3 кат, Скопје -Центар, со ЕМБС 7566956 и ЕДБ 4080022603386;
§ Друштвото за производство, трговија и услуги Балкан Реневабле Инвестментс ДОО Скопје, со седиште на ул. „Коста Шахов“ бр.7/6, со ЕМБС 74990810 и ЕДБ 408002159630;
§ Друштвото за производство на електрична енергија Енимак ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „2“ бр.42б со ЕМБС 7571852 и ЕДБ 4057022559229 и
§ Друштвото за трговија и услуги Аим греен ТЕЦХ ДООЕЛ Скопје, со седиште на Бул. Партизански одреди 42/1-3, со ЕМБС 7501412 и ЕДБ 4080021597420.
6.Актот со кој Комисијата има дадено препорака на Владата за донесување на одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект;
7.Актот со кој Комисијата има дадено мислење за Предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект;
8.Актот со кој Комисијата го има усвоено Планот за подготовка и реализација на стратешкиот инвестиционен проекти предложен од Оперативната група;
9.Извештаите на Комисијата од извршената анализа на финансиска способност, можноста за генерирање на доволно средства за финансирање на инвестицијата, финансиските извештаи, управувачката структура, сопствеништвото, позицијата на пазарот, претходното искуство поврзано со областа на инвестиции во слични проекти и другите елементи неопходни за докажување на способноста за избор за стратешки инвеститор, односно Извештаите на комисијата за портфолијата на следниве правни лица од точка 5 на овој параграф од Барањето;
10.Актот со кој е дадено мислењето за уредувањето на начинот на подготовката и реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект;
11.Плановите на Оперативните групи за подготовка и реализација на стратешкиот инвестиционен проект вклучително и прегледот на потребните постапки за добивање на дозволи, лиценци, концесии, согласности и друга потребна документација неопходни за започнување и реализација за проектот, како и временските рокови за издавање на истите;
12.Актот со кој Комисијата има извршено оценка на поднесените документи, односно техничка, финансиска и правна процена на Досието на проектот поднесен од наведените правни субјекти во точката 9 во овој параграф од Барањето;
13.Актот со кој Комисијата ја има дадено препораката до Владата да донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект заснован на оценката дека Предлог проектот ги исполнува барањата од Законот за стратешки инвестиции;
14.Актот со кој Комисијата има дадено Предлог-договор за стратешки инвестиционен проект и Предлог закон со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект до надлежното министерство и Називот на надлежното министерство;
15.Актот со кој определеното надлежно министерство ги има доставено барањата за мислења до Владата и до Државното правобранителство за Предлог договорот и Предлог законот;
16.Актот со кој Владата има дадено ПОЗИТИВНО мислење по Предлог-договорот за стратешки инвестициони проекти како и Предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешките инвестициони проекти и
17.Актот со кој Државното правобранителство има дадено ПОЗИТИВНО мислење по Предлог-договорот за стратешки инвестициони проекти како и Предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешките инвестициони проекти;
Во електронска форма ги барам: инвестицискиот бизнис план или студија за изводливост за јавни стратешки проекти со анализата на ризици; инвестицискиот финансиски план; работната програма за спроведување на стратешкиот инвестиционен проект за време на траењето на инвестицијата; согласноста за задолжување во смисла на Законот за јавен долг за јавен стратешки инвестиционен проект; микро и макро локациските услови на инвестицијата; ревизорскиот извештај за инвеститорот и ревизорски извештај за компанијата која е сопственик на инвеститорот; деталното портфолио на инвеститорот и неговите подружници; референтната листа од искуствата на инвеститорот во слични проекти; описот на начинот и изворите на финансирањето на проектот; доказот за финансиската способност за остварување на стратешкиот инвестиционен проект со ревидираниот годишен финансиски извештај за годината која претходи на годината во која е поднесено барањето или годишните извештаи за инвеститорите кои не подлежат на ревизија; деловните извештаи за тримесечјето кое претходи на предавањето на барањето; обрасците за бонитет; годишните сметки (биланс на состојба, биланс на успех и извештај за готовински тек) за последните три финансиски години на стратешкиот инвеститор и на компанијата која е сопственик на стратешкиот инвеститор, потврдата дека инвеститорот ги платил сите доспеани обврски, обврските за пензиско и здравствено осигурување и други јавни давачки и потврдата дека не е отворена стечајна или ликвидациона постапка, од следните акти заведени во Вашата деловодна евиденција:
1.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр. 0301/06/2-2020 од 24 јуни 2020 година
2.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр.02-1167/7 од 12 април 2021 година
3.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр.02- 1167/6 од 5 март 2021 година
4.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/16 од 15.11.2021 година
5.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/14 од 8.11.2021 година
6.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/18 од 23.11.2021 година
7.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект со бр. 02-1167/15 од 15.11.2021 година
8.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект бр. 02-347/11 од 26 мај 2022 година
9.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, бр. 02-347/6 од 31 јануари 2022 година
10.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, бр. 02-347/4 од 28 јануари 2022 година
11.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, бр. 02-347/10 од 26 мај 2022 година
12.Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, бр. 02-887/4 од 31 јануари 2023 година
Образложение:
На Седница бр. 140 на Собранието на Република С. Македонија, за прв пат се имплементираат законските одредби од Законот за стратешки инвестиции во скратена постапка која не дозволува речиси никаква реакција за спречување на евентуалните штети со имплементирањето на одредбите од овој Закон.
Временските рокови за анализа на предложените закони и договори се кратки до степен да е невозможно да се прочитаат предложените договори, а не пак истите да се анализираат.
Од тие причини, извршена беше анализа на само еден од предложените четири специјални закони за предложените стратешки проекти. При тоа беа констатирани бројни штетни одредби за кои беа известени пратениците со апел да не гласаат за донесување на овие спорни Предлог закони.
Со оглед на тоа што покрај упатениот апел овие четири Предлог закони се влезени во собраниска процедура во наредната фаза (комисиска расправа), по добивањето и анализата на информациите посочени во ова Барање, ќе ги известиме сите надлежни субјекти со соодветни известувања и пријави за евентуалните недоследности во постапката за избор и донесување на Одлуките за определување на проекти од стратешки интерес за државата.
Како поткрепа на нашите оправдани сомнежи дека Законот за стратешки инвестиции е исклучително нетранспарентен и во голема мера може да продуцира ризици од корупција, во продолжение Ви го доставуваме изворниот текст од Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупција од јуни 2020 година, каде во Прилогот 4 (Извештаи од антикорупциска проверка на легислативата) во точката 5 е извршена проверка на Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија – ЗСИ, во кој Извештај се дадени заклучоци и препораки кои и покрај укажувањето на ДКСК досега не се имплементирани:
По сопствена иницијатива на ДКСК, а во врска со предлогот доставен од Здружението за заштита на правата на граѓаните „Човекот над профитот” од Скопје, извршена е антикорупциска проверка на Закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република С. Македонија” бр. 14/2020).
Со Законот за стратешки инвестиции во Република С. Македонија (во натамошниот текст ЗСИ) се уредуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата (стратешки инвестициони проекти). Истовремено се врши и усогласување со Регулативата (ЕУ) 6р. 347/2013 на Европскиот парламент СЕ1ЕХ бр. 320013Р0347 и Советот од 17.4.2013 година која се однесува за трансевропската енергетска инфраструктура и за укинување на Одлука 6р. 1364/2006/ЕЗ и измената на Регулативата (ЕУ) бр. 713/2009, Регулативата (ЕУ) 6р. 714/2009 и Регулативата (ЕУ) бр. 715/2009. Целта на законот е поттикнување, привлекување и создавање услови за спроведување на стратешките инвестиции во Републиката, зголемување на економскиот пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Републиката, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на состојбата и условите за живеење на граѓаните.
По спроведената проверка ДКСК констатираше дека одредбите од ЗСИ со кои се уредува транспарентноста и учеството на јавноста во спроведување на законот како и постапката за стекнување статус на стратешки инвестиционен проект, може да продуцираат ризици од корупција. Имено, со членот 18 од ЗСИ пропишано е дека спроведувањето на овој закон како и постапката за стекнување статус на стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, ќе се спроведува на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учество на стручната и пошироката јавност на начин утврден во актот од членот и став 2 од овој закон[1]. Според членот 19 од ЗСИ, на веб-страницата на Владата се објавува Листа на проекти на кои им е доделен статус на стратешки инвестиционен проект.
И покрај дефинираните декларативни одредби за фер, транспарентен и недискриминаторен начин и активно учество на стручната и пошироката јавност во спроведувањето на законот и постапката за стекнување статус на стратешки инвестиционен проект, истите не се доволно јасни и прецизни. Отсуството на законски одредби кои 6и го уредиле начинот на учество на стручната и пошироката јавност во самата постапка за стекнување на споменатиот статус, остава простор за различно толкување на правото на учество на јавноста (стручната и пошироката), а со тоа и можност за арбитрарност и субјективизам во процената дали може и кога може таа јавност да биде вклучена. Дополнително, обврската или правото на Владата, утврдена/о во членот 11 став 2 од ЗСИ, да го уреди начинот на подготовка и реализација на стратешките проекти, не е гаранција дека истото ќе биде подетално уредено исто како и постапката за стекнување статус стратешки инвестиционен проект, иако на тоа упатува членот 18 во кое е уредено прашањето за транспарентност и учество на јавноста. Можноста Владата со подзаконски акт да го уреди начинот на активното учество на стручната и пошироката јавност во постапката за стекнување статус стратешки инвестиционен проект, е давање дискреционо право на овој орган да процени дали, кога и на кој начин ќе се реализира транспарентноста.
Исто така во анализираниот закон не постои разработена експлицитна законска обврска за начинот на отчетност и транспарентност на надлежниот орган за спроведување на законот. Имено во член 19 е пропишано дека листата на проекти за кои им е доделен статус на стратешки инвестиционен проект се објавува на веб-страницата на Владата, а Комисијата за стратешки инвестициони проекти, формирана од Владата, објавува на секои 6 месеци извештаи на веб-страницата на Владата за стратешките инвестициони проекти. Наведените одредби неспорно промовираат обврска за транспарентност и отчетност како механизми за контрола над спроведување на регулативата. Она што е дискутабилно е дали предвидената транспарентност и отчетност е доволна или е само можност за остварување на ефектите што се очекува да ги постигнат овие механизми. Ваквата декларативна транспарентност и отчетност не е во согласност и со одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – член 10 во кој е пропишана обврската на секој имател на информации да ја информира јавноста преку својата интернет-страница со објавување податоци и документација. Имено според член 10 став 1 алинеја 18 имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет-страница со објавување на целокупната документација за јавните набавки, за концесиите, и за договорите за јавно-приватно партнерство. Аналогно на тоа непостоењето на законска обврска за објавување на целокупната документација за добивање статус на стратешки инвестиционен проект на интернет-страницата на Владата, на секој склучен договор за стратешки инвестиционен проект, се факти кои само ги потврдуваат горенаведените констатации.
Отсуството или недоволната транспарентност и отчетност поради непостоењето на законска обврска за објавување и јавна достапност на посочените релевантни документи, може да се отслика како висок степен на ризик за корупција и судир на интереси, дотолку повеќе што во законот не се предвидени реални механизми за заштита од корупција и судир на интереси.
Утврдивме дека во ЗСИ постои висок ризик од корупција и судир на интереси поради непостоење одредби за процедура и дефинирање услови и критериуми за избор на членови на оперативната група за секој поединечен стратешки инвестиционен проект. Имено во членот 11 каде е пропишан делокругот на работа на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, предвидено е Комисијата да формира оперативна група за секој поединечен проект за стратешки инвестиционен проект чии членови се избираат од редот на вработените административни службеници од институциите, членови на Комисијата, како и експерти од областа на соодветниот стратешки инвестиционен проект. Некохерентна правна техника користена при формулирање на споменатата одредба доведува до непрецизност и нејасност на истата, овозможувајќи нејзино различно толкување при формирањето на споменатата група и изборот на нејзините членови. Недостигот на елементи за сите поединости при формирањето односно изборот на членови на оперативната група (услови, критериуми и сл.) е регулаторен ризик од корупција и судир на интереси. Исто така некохерентната правна техника е користена и при формулирањето на членот 22 од ЗСИ што доведува до непрецизност и нејасност на истата. Имено во членот 22 е пропишано кои одредби, односно членови од законот, ќе престанат да важат по пристапување на Републиката во ЕУ. Меѓу другите е посочен и членот 16 ставовите 2 и 3, иако членот 16 од законот е сочинет од став 1 и став 2.
Можни штети од примена на законот
Недефинирање на начинот на спроведување на транспарентноста и учеството на јавноста со можноста Владата дискреционо да го уреди практичното остварување на истото, претставува потенцијален ризик за корупција и потенцијален ризик од субјективизам и арбитрарност во користењето на дискреционото овластување за дополнително уредување на начинот на практичното остварување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста.
Правните недостатоци во законот поради отсуство на инструменти во однос на контролата во суштина доведува до ризик од корупција, а се манифестираат со недоволна отчетност и транспарентност на надлежниот орган за спроведување на законот. Правните празнини манифестирани преку нецелосно дефинирани постапки и фази во исполнување на процедурата, во суштина создаваат ризик од злоупотреба на овластувањата и должностите.
Недефинирањето на процедура со услови и критериуми за избор на членови на оперативна група за секој поединечен стратешки инвестиционен проект е ризик кој може да доведе до избор на несоодветни или избор на „подобни” членови на оперативната група, како и до субјективизам, тргување со влијание, дискреција при изборот како и до фаворизирање определени лица и сл.
Заклучоци и препораки
Законско дефинирање на начинот на учество на стручната и пошироката јавност во спроведување на законот и постапката за стекнување статус на стратешки инвестиционен проект.
Дефинирање на законска обврска за објавување на целокупната документација за секој проект на кој му е доделен статус на стратешки инвестиционен проект на интернет-страницата на Владата на Република С. Македонија.
Дефинирање законска обврска за објавување на договорите за стратешки инвестиционен проект на интернет-страницата на Владата на Република С. Македонија.
Дефинирање на процедура со јасни фази, услови и критериуми за формирање оперативна група за секој поединечен стратешки инвестиционен проект и за избор на членови на истата група.
Отстранување на контрадикторноста на членот 22 со членот 16 од законот.
Врз основа на претходно наведеното во ова Барење, предлагаме, Владата или пратениците да ја искористат Уставната можност и да предложат сериозни измени и дополни на Законот за стратешки инвестиции, примената на Постоечкиот закон да ја пролонгираат, а одлуките донесени врз основа на овој закон да ги стават вон сила.
Начин на кој Барателот сака да се запознае со содржината на бараната информација:
– а) увид
– б) препис
– в) фотокопија
– г) електронски запис
– д) друго
Начин на доставување на информацијата:
– а) по пошта
– б) телефон
– в) факс
– г) е-маил
– д) друго
Правна поука: Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.“