Автор: Златко Блажевски, доктор по интерна медицина
Анемијата се дефинира како апсолутно намалување на бројот на еритроцитите (црвени крвни зрнца), односно на концентрацијата на хемоглобинот или на вредностите на хематокритот.
Според Светската здравствена организација, анемијата се дефинира како Hgb<130 g/L кај мажите и Hgb<120 g/L кај жените.
При анемија, дел од еритроцитите содржат малку хемоглобин, поради што транспортот на кислород до органите како што се мозок, срце, мускули, е намален. Како последица на тоа се јавува чувтство на ментална и физичка слабост. Кога бројот на еритроцитите е намален, срцето работи побрзо за да го компензира недостатокот на кислород, т.е со поголем проток на крв да го надокнади недостатокот на кислород во крвта сиромашна со еритроцити.
Симптомите и знаците на анемија честопати се неспецифични како општа слабост, брзо заморување, малаксаност, недостатот на воздух при мал физички напор. Исто така може да се јави и забрзана работа на срцето или во некои случаи и бледило на кожата, шум на срцето.
Типови на анемија:
Сидеропенична анемија – Таа настанува како резултат на недостаток на железо во крвта, а се појавува поради намалена апсорпција на овој минерал во организмот или поради недоволно внесување на железо во организмот.
Мегалобластна анемија – предизвикана од недостаток на витамин Б12 или фолна киселина. Витаминот Б12 е неопходен за производство на еритроцити. Доколку не се консумира или не се апсорбира доволно Б12, бројот на црвените крвни зрнца може да биде намален. Овој тип на анемија често се поврзува со атрофичен гастритис или со губење на функцијата на париеталните клетки, при што доаѓа до престанок на производството на еритроцити. Најчести симптоми се: проблеми со видов, дијареа, црвен јазик, заборавеност, тешкотии при одење, збунетост.
Хемолитична анемија – Предвремено распаѓање на црвените крвни клетки, еритроцити, кое може да биде и последица од упоребата на одредени лекови или инфекција. Овој тип на анемија може да биде и наследен. Најчести симптоми: темна урина, треска, слабост, стомачна болка, вртоглавица.
Апластична анемија – Предизвинака од оштетување на коскената срцевина. Најчести симптоми: замор, осип на кожата, модрици, чести инфекции.
Најчеста форма на анемија е феродефицитната анемија во која телото нема доволно железо да формира хемоглобин. Може да се развие како резултат на не внесување на доволно железо или губење на железо поради некои состојби. Најчести причини на феродефицитна анемија се: диета со малку железо, обилна менструација, одредени дигестивни состојби, лекови кои ја иритираат слузницата на цревата, често дарување на крв, бременост.
Покрај погоре наведените причини како недостаток на железо, витамин Б12 или фолна киселина, недоволно создавање на црвени крвни клетки, друга причина која може да доведе до појава на анемија е и постојано крварење во желудникот.
За лекување на анемија настаната од недостиг на железо се препорачува да се земаат додатоци во исхраната со железо. Железото може да биде присутно во две форми: ХЕМ (органско) железо или НЕ ХЕМ (неорганско) железо.
• ХЕМ наспроти НЕ ХЕМ железо
ХЕМ (органско) железото е природна компонента на хемоглобионот. Главни извори на органско железо се животинската и морската храна. Апсорпцијата на хем железото е од 15% до 45% или во просек 25%. На апсорпцијата не вилијае гастричната киселина и факторите од исхраната. При апсорпција Хем железото го поминува ѕидот на цревата како цела молекула, така што во цревата не се присутни слободни јони на железо. Исто така, органското железо има висока биорасположливост.
НЕ ХЕМ (неорганско) железото се наоѓа во храна од растително потекло како што е лиснатиот зеленчук и житариците. Оваа форма на железо има значително помала апсорпиција, од 1% до 15% или во просек 5%. Неговата апсорпција е под силно вијание на факторите од храната како и желудочната киселина.
Толерантното ниво на внес за возрасни лица е 45mg железо на ден. Традиционалните додатоци во исхраната содржат висока концентрација на неорганско железо кое го надминува толерантното ниво на внес и доведува до гадење, повраќање, гастрична болка, конситипација или дијареа. Затоа, со додавање на Хем железо во препаратите, потребна е помала концентрација на неорганско железо, што значи дека со помала концентрација на железо се постигнува ефектот. Како резултат на ниската концентрација на неорганско железо, несаканите ефекти се сведени на минимум, односно нема гастрични тегоби, гадење, повраќање, констипација, боење на забите и столицата.