Фејсбук беше предмет на многу критики во последниве месеци, главно поврзани со начинот на чување на личните податоци на корисниците.
Компанијата беше хакирана неколку пати од почетокот на годината и е дел од големи истраги од страна на регулаторите на ЕУ.
Но, ова не се нејзините единствени проблеми, бидејќи социјалната мрежа се обидува да се бори и против лажните вести и дистрибуцијата на навредливи содржини на профилите.
За да се спротивстави на ваквите практики, Фејсбук користи специјални алгоритми и голем тим од луѓе кои ги следат и блокираат сметките кои ги кршат правилата на платформата. Врз основа на овие правила помеѓу април и септември 2018 година, Фејсбук избриша 1,5 милијарди лажни профили.
Ова е значително зголемување во однос на истиот период минатата година, објави „НекстВеб“.
Во вториот квартал се избришани 800 милиони кориснички сметки, а во третиот се блокирани уште 754 милиони. Во периодот јануари- март годинава биле избришани 534 милиони профили.
Ваквите практики го подобруваат квалитетот на содржината и успешно го запираат ширењето на спамови на социјалната мрежа.
– Фејсбук ќе продолжи да биде доста агресивен во решавањето на овој проблем, тврдат извори во компанијата