Македонија е лакмус-тест на процесот на проширување на ЕУ, со сите негови падови и подеми. Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во воведното обраќање на брифингот во Центарот за европска политика во Брисел на тема „Македонија и ЕУ: Движење кон поголема интеграција?“.
Тој потсети дека земјава го почна процесот на придвижување кон Унијата заедно со Словенија и Хрватска, денес овие две земји се веќе членки на ЕУ, а Македонија се уште не ги почнала преговорите по кластери и чека толку време поради билатерални прашање.
– Членството во ЕУ е стратешка цел на Северна Македонија, за која нема алтернатива – нагласи Османи, додавајќи дека земјава е во срцето на континентот и културолошки и историски и припаѓа на Европа, за што доказ е тоа што две третини од трговската размена е со земјите од ЕУ.
Тој нагласи дека во услови на зголемена нестабилност на континетот поради руската инвазија на Украина, процесот на проширување добива на значење и претставува движечка сила за регионот.
Според него, токму билатералните прашања го потпкопаа кредибилитетот на проширувањето во земјава, која иако имаше позитивни препораки за преговири и ги исполнуваше Копенхашките критериуми, сепак не го почна преговорачкиот процес.
Османи истакна дека токму тоа поткопување на кредибилитетот на проширувањето ги поттикнува националистичките реторики.
Но, геополитичкиот контекст со руската агресија на Укрина, според Османи, го истакна значењето на интеграцијата на Западниот Балкан, а изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Блед претставува јасна порака дека поставувањето на 2030 година како цел за прием на нови членки му дава нова рамка на процесот на проширувње.
– Во овој момент ги елиминираме сите дебати за алтернативи на проширувањето на ЕУ и за нас нема друга опција освен полноправно членство во ЕУ – истакна Османи.
Сепак, според него, треба да се пополни празнината меѓу денешнината и 2030 година со повеќе интеграција на земјите пред нивното полноправно членство во ЕУ, бидејќи тоа што досега кандидатите за членство не добиваа никакви привилегии создаваше фрустрации и нестабилност.
-Тоа не нѐ фрустрира само нас, туку и ЕУ и тоа од две стравување – првиот страв што ако нѐ прими пред време, а второто што ако нѐ загуби – изјави Османи.
Според него, за да се надминат овие фрустрации треба да се фокусираме на процесот на проширување и да се заложиме за повеќе интеграција пред членство, со цел земјите кандидати да имаат пристап до заедничкиот пазар и до фондовите на ЕУ уште пред зачленувањето.
Османи нагласи дека во услови кога Македонија е целосно усогласена со политиките на ЕУ, се поставува прашањето зошто да не седиме на иста маса со земјите членки и да дискутираме за овие прашања, со што и пред членството подобро ќе сфатиме како функционира ЕУ.
-Тоа е вин-вин солуција и за двете страни – додаде Османи.
Тој нагласи дека во регинот постојат 72 различни регионални иницијатива, како економски, така и политички, а една од нив е и Отворен Балкан, која е специфична како изворно регионална иницијатива, која не е иницирана од Брисел, туку од земјите вклучени во неа. Нејзина слабост е, нагласи Османи, што сите земји во регионот не се вклучени во ова иницијатива.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во однос на идејата за Европската политичка заедница, Османи рече, дека таа не може да биде замена за членството во ЕУ, затоа што проширувњето е одвоен процес.
– Северна Македонија е функционална мултиетничка демократија што ги разби стериотипите за Балканот. Ние докажавме дека е можно да се интегрираат разни заедници во функционален систем – додаде Османи, нагласувајќи дека во однос на малцинските права земјава има највисоки оценки во регионот.
Тој се осврна и на улогата на претседавач со ОБСЕ, посочувајќи дека претседавањето на земјава доаѓа во најпредизвикувачкиот период од нејзиното основање и важно е да се напомене дека Организацијата е многу повеќе од она што го работат амбасадорите во Виена, туку најважно е она што се работи на терен за луѓето како на Балканот, така и во Централна Азија и пред се во Украина.
Османи нагласи дека во својство на претседавач ја интензивира комуникацијата со сите членки пред министерскиот состанок на 1 декември во Скопје, за да се најдат компромисни решенија за надминување на блокадите поврзани со неусвоениот буџет, неизбраниот претседавач за следната година, што не се сличило досега, и со неизборот на носителите на извршните функции чии мандати истекуваат на крајот на годината.