Земјите сојузнички на САД изразија загриженост поради одлуката на Вашингтон за доставување на касетни бомби во Украина.
Во петокот, САД потврдија дека испраќаат контроверзно оружје во Украина, а претседателот Џо Бајден тоа го нарече „многу тешка одлука“.
Како одговор, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и Шпанија рекоа дека се противат на употребата на оружјето.
Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји поради опасноста што ја претставуваат за цивилите. Неексплодираните бомби можат да останат на земја со години, а потоа да се активираат неселективно.
Британскиот премиер Риши Сунак потсети дека Велика Британија е една од 123-те земји што ја потпишаа Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство или употреба на ова оружје, велејќи дека тоа ја обесхрабрува нивната употреба.
Премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, една од земјите кои ја иницираа конвенцијата, рече дека ова оружје е „недискриминирачко“ и дека „потенцијално предизвикува огромна штета на невините луѓе и може да има долготрајно дејство“.
Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес изјави дека нејзината земја има „цврста посветеност“ дека одредени оружја и бомби не можат да се испраќаат во Украина.
Одлуката на Вашингтон беше критикувана од канцеларијата на ОН за човекови права и организациите за човекови права.
Амнести интернешнал рече дека касетната муниција претставува „сериозна закана за животите на цивилите, долго по завршувањето на конфликтот“.
Касетните бомби беа користени во агресијата на НАТО врз Србија.