Студијата објавена неодамна во списанието „Нејчр геосајанс“ откри дека примероците од почва собрани од кинеската лунарна сонда „Чанге 5“ содржат стакловидни зрна што држат вода во форма на хидроксил, кој е еден од најчестите јони што се наоѓаат во водата
Значајно откритие што може да помогне во идните мисии
Кинеските научници открија нов резервоар за вода на Месечината во форма на стакловидни зрнца, кои би можеле да имаат големо значење за испитување на содржината на вода на единствениот природен сателит на Земјата и потенцијално нивно извлекување за поддршка на идните мисии на Месечината.
Студијата објавена неодамна во списанието „Нејчр геосајанс“ откри дека примероците од почва собрани од кинеската лунарна сонда „Чанге 5“ содржат стакловидни зрна што држат вода во форма на хидроксил, молекул што се состои од еден атом на кислород и еден атом на водород. Хидроксил јон е еден од најчестите јони што се наоѓаат во водата.
Како се создала водата во почвата на Месечината?
Овие стакловидни зрнца се создаваат кога метеороидите ја погодуваат површината на Месечината, исфрлајќи топли стопени капки, кои потоа се ладат и стануваат цврсти. Тие функционираат како сунѓер, впивајќи ги водородните атоми што ги носи сончевиот ветер за да формираат хидроксил, со што играат клучна улога во водниот циклус на површината на Месечината.
Иако секое зрно содржи само мало количество вода, овие стакловидни топки се толку распространети на Месечината што истражувачите проценуваат дека почвите на Месечината можат да складираат дури 270 милијарди метрички тони вода. Со децении, научниците мислеа дека на Месечината нема вода, додека откритијата во последните години не покажаа дека нејзината почва може да содржи одредени количества.
Важно откритие
Ху Сен, истражувач од Институтот за геологија и геофизика на Кинеската академија на науките и еден од клучните научници зад студијата, рече дека бил вчудовиден кога резултатите од тестот покажале дека стакловидните зрна содржат вода. Тој истакна дека Месечината потенцијално содржи 270 милијарди метрички тони вода што е доста значителна, иако е мала во споредба со количеството вода во океаните на Земјата.
Овие наоди не само што обезбедуваат увид за потеклото, складирањето и транспортот на водата на небесните тела каде што не постои атмосфера туку тие, исто така, може да се покажат како корисни за планирање и изградба на одржливо човечко живеалиште на овие планети, додаде Ху.
Дополнителни истражувања
Сепак, специфичното потекло на водата на површината на Месечината останува мистерија. Студијата презентираше неколку потенцијални извори, вклучувајќи го и вклучувањето сончев ветер, ослободување заробен гас кога Месечината беше топла и вулкански активна, како и остатоци од комети и од астероиди.
Хуи Хеџиу, професор на Факултетот за науки и инженерство на Земјата на универзитетот „Нанџинг“, рече дека користењето на овие стакловидни зрна што содржат хидроксил за поддршка на идните мисии на Месечината е добра можност, но потребно е дополнително истражување како точно да се извлечат и да се претворат овие зрна во течна вода во вселената.
Според Кристофер Тјуми, научник за безбедност на Постдипломската поморска школа на САД во Калифорнија, процената покажува суштински подобрувања во кинеските капацитети.
– Ќе сакаме нашите напаѓачки подморници на нуклеарен погон да држат чекор со нив, така што дополнителните барања за нашите средства се јасни. Но поентата е дека информациите, поточно речиси редовните патроли од кинеска страна, се променија толку брзо што не знаеме што друго се променило – рече Тјуми.
Кинеските подморници сега располагаат со ракета од трета генерација, „јуланг-3“ (ЈЛ-3), изјави генералот Ентони Котон, командант на Стратегиската команда на САД, на сослушувањето во Конгресот во март. Со проценет дострел од повеќе од 10.000 километри и со повеќекратни боеви глави, „ЈЛ-3“ ѝ овозможува на Кина да стигне до континенталниот дел на САД од кинеските крајбрежни води за првпат, објави Пентагон.
Во рок од неколку години, овие проектили ќе бидат вклучени во потивките подморници од „типот-096“, предупредува Тимоти Рајт од Меѓународниот институт за стратегиски студии во Лондон.
– Тоа ќе биде проблем за САД бидејќи ќе ја разводни американската одбрана, ќе има повеќе цели во ризик и ќе треба да се решат со дополнителни конвенционални и нуклеарни капацитети – рече Рајт.