– Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво – додаваат од ССМ.
Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.
Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите – стои во соопштението од ССМ.
Не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.
Тие додаваат, дека поради се ова наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните.
Со ова соопштение ССМ бара итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.