Фото: ЦУК

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека податоците за месец март зборуваат дека биле примени 55.767 повици што е за пет пати повеќе во февруари кога биле примени 11.321 повик

Ако за брзо време не го добиете операторот на повикувачкиот број за итни случаи 112, може да се јавите и на старите броеви, кои функционираа досега. Навиката на граѓаните за пријавување на 112 во Центарот за управување со кризи, расте, па од почетокот на неговото пуштање во февруари до сега повеќе од двојно се зголемил бројот на пријави. Но, додека се доекипира, имајте ги на ум и старите броеви.

Од Центарот за управување со кризи велат дека во март биле примени 55.767 повици, што е за пет пати повеќе од февруари, кога имало 11.321 повик.

– Мора да се има в предвид дека од први март телефонскиот број за итни случаи 112 функционира на целата територија на државата, а во февруари функционираше само во скопскиот регион. Просекот за примени повици на единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи за 24 часа во март изнесува 1.799, а во февруари тој просек за 24 часа бил 629 примени повици – објаснуваат од ЦУК.

ФОТО: ЦУК

Потребна е доекипираност за соодветен одговор

Во моментов на линијата 112 работат 20 оператори и 7 одговорни на смена.

– Инаку, целосната систематизација е 30 оператори во Скопје и 42 оператори во седум регионални центри (без Скопје). Се работи на случајот за кадровско доекипирање, зашто треба да се пополнат сите места во Скопје и половично (по три оператори) во седумте регионални центри со што би се задоволиле реалните потреби од оператори. Kадарот во 112 треба да биде квалитетен, па многумина од други институции само пројавија интерес, но не се префрлија со преземање во Секторот 112 во ЦУК. Зошто така е донесена, не можеме да тврдиме, но една од причините е најверојатно и големата фрекфенција на работа што се остварува – објаснуваат од ЦУК.

ФОТО: ЦУК

Паралелно фукнционираат и останатите бреви за итни случаи

За да пријават пожар изминатиот период граѓани чекале една минута на 112, по што се јавиле на старите броеви за пријавување. Од ЦУК објаснуваат дека за време на пожарите на 112 имало голем број на поциси, па затоа и можело да се случи да се чека. Оттаму советуваат граѓаните прво да се јават на 112 и ако може да почекаат. Доколку не може може да ги користат и старите броеви – 192 за Полиција, 193 за Противпожарна, 194 за Брза помош и 195 ЦУК.

– Едноставно системот на јавување сега функционира така што ако гараѓаните вртат прво на старите броеви и се зафатени тогаш, заради зафатеност на истите после краток период системот ги префрла на 112 каде што – исто, ако се зафатени операторите повторно треба да почекаат. Тоа чекање можеби е кратко, но аспект на засегнатите грѓани изгледа долго, а факт е дека сите мораме да бидеме свесни дека во итни ситуации секоја минута е важна за да се спаси нечиј живот или материјално добро. Затоа без потреба не треба да се врти број за итни повици. Сепак, мислам, дека овие ситуации ќе бидат сè поретки. На повеќето граѓани веќе им е јасно дека во случај на поголема фреквенција на повици ќе треба да се почека за услуга од операторите и како врви времето имплементацијата на свесноста за значајноста и за правилното користење на 112 за итни повици ќе расте. Впрочем, со кадровското пополнување, во поголем обем, ваквите и слични проблеми со чекање за да се оствари повик на 112 ќе се надминат. Граѓаните знаат дека во случај кога се работи за пријавување поголем настан и кога поголем број на луѓе се јавуваат да пријават за истиот настан ќе има одреден период на чекање дури и кога целосно ќе бидеме пополнети со кадар. Инаку, освен што одговораат на итните повици, операторите, по приемот на повикот изготвуваат и извештај за настанот при што во тој период се недостапни – објаснуваат надлежните во ЦУК.

ФОТО: ЦУК

Во европските земји другите броеви се активни и десетина години по воведувањето на 112

Оттаму велат дека нема зацртан проектен датум за тоа до кога ќе функционираат старите броеви за итни повици.

– Тоа, како се вели и „времето ќе ни покаже“. Единствениот број за итни повици 112 во (ЦУК) функционира само два месеца и можеме да кажеме дека сме позитивно изненадени од свесноста на граѓаните во поглед на прифаќањето на оваа новина кај нас во државата иако тоа за европските држави е одамна пракса. Праксата покажува дека одредени броеви за одредени служби во земји од нашиот балкански, а и европски регион, се уште активни и десетина години по воведувањето на 112 кај нив – објаснуваат од ЦУК.