Во решавањето на овој горлив проблем мора да се вклучат општините и Центрите за социјална работа. Да се отворат повеќе дневни центри во кои стручни лица ќе работат со децата од улица, бездомниците, зависниците од алкохол и преку советувања ќе ги насочат да се образуваат – предлага Илија Јовановиќ
Aпелирам до сите граѓани и возачи да престанат да им дават ситни пари по денар, два, пет на децата кои питачат на крстосниците. Со тоа повеќе им одмагаат, отколку што помагаат – вели Илија Јовановиќ од Невладината организација (НВО) „Градиме иднина“ од Скопје .
НВО „Градиме Иднина“ овој месец го започна самоиницијативен проектот за решавање на проблемот со децата кои секојдневно питачат на раскрсниците, трговски центри, ресторани, кафулињата. Вели дека многу од нив во меѓувреме „дуваат“ лепак.
Според информациите до кои дошол Јовановиќ околу сто деца секојдневно питачат на улиците низ Скопје. „Работата“ им почнува од 9 часот наутро, а им завршува во 22 часот.
– Околу 2.000 деца се во критична здравствена состојба, а како последица на користење на лепило починале три дечиња на возраст до седум години – вели Илија Јовановиќ, основачот на „Градиме иднина“ и дете кое пораснало во Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Воден од идејата целосно да се справи со овој проблем Јовановиќ бара да се престане со сожалување на оваа категорија на граѓани, појаснувајќи дека со таквата помош тие се одвраќаат од пристојна работа, во компании кои им ги нуди невладината организација, со образложение дека полесно им било да питачат отколку да работат, појаснува Јовановиќ.
За реализација на својот проект Јовановиќ веќе има испратено предлози и докумени, во кои побара поддршка од Владата, Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), полициските станици, Армијата, а исто така целосна помош и поддршка бара и од амбасадите, се со цел да се тргнат сите деца од студот и улиците, да им се подаде рака и помош и еднаш засекогаш институцијално да се реши проблемот со питачењето.
– За ромите и сите маргинализирани категории граѓани, Владата, заедно со Собранието и МТСП, треба да донесат и усвојат закон за вработување на тие ранливи категории во јавни државни претпријатија. Во решавањето на овој горлив проблем мора да се вклучат општините и Центрите за социјална работа. Да се отворат повеќе дневни центри во кои стручни лица ќе работат со децата од улица, бездомниците, алхохолицарите и преку советувања ќе ги насочат да се образуваат, било тоа да се кусеви, обуки и сл, да се вработат и чесно да заработуваат – предлага Јовановиќ, посочувајќи дека најпрво мора да се санкционираат „шефовите“, организаторите за питачење, било да се нивни биолошки родители, старатели или пак локални шерифи.
– Имам сознанија дека родителите ги злоупотребуваат своите женски деца под 14 годишна воздраст, тие за пари ги присилуваат да стапат во брак или да даваат сексуални услуги – открива Јовановиќ.
Според зборовите на Јовановиќ, целта на проектот на НВО „Градиме иднина“ е да нема деца питачи и бездомнци, бидејќи смета дека ниедно од тие деца доброволно не стои на улица на дожд, снег, гладно, голо и босо да питачи, туку дека се присилени да го прават тоа.
– Ќе побарам и ќе ангазирам волонтери адвокати да поднесат кривични пријави против сторители кои го организираат овој црн пазар со питачење, ќе барам сите учесници кривично да одговарат и да одлезат поради злоупотреба на дете или новороденче. Ќе барам МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) да направат истрага чии се децата, дали тие се препродавани за питачење по улици кафулиња, трговски центи, булевари, семафори итн. Ќе барам да им се одземе родителиеското право на сите кои ги злоупотребуваат децата за било која цел – додава Јовановиќ.
Според податоците од истражувањата на Јовановиќ, секое четврто дете во земјава живее во опасност, 545.000 деца живеат во сиромаштија, на годишно ниво во Скопје се случуват 53 абортуси кај девојчиња од 15 до 19 години. Дури 236 деца во Македонија живеат под ведро небо, а 18.500 деца не одат во училиште. На ниво на држава, 2.000 деца денот го поминуваат на улица, 1.500 деца се без изводи од матична книга на родени, 4.000 деца се без ЕМБГ и лични документи, кои според Јовановиќ секојдневно се користат за питачење, проституција…