Додека Ким Јонг Ун оваа недела одбележува 10 години на власт, светот сè уште не знае што да мисли за севернокорејскиот лидер.
Дали е тој глобален државник кој се ракува со јужнокорејските и американските лидери? Или можеби е брутален прагматичар кој го погуби својот вујко заедно со десетици други, пишува Асошиејтед прес.
Откако го презеде врховното раководство пред една деценија, Ким презентираше многу лица пред ненаситно љубопитниот свет, но додека сликата за него се менува, можеби најразбирливиот начин да се увиди кој е Ким е преку неговата упорна потрага по програма за нуклеарно оружје за таргетирање на Америка и нејзините сојузници.
Арсеналот од дури 60 нуклеарни оружја, според некои проценки, со намера на таа бројка да додава по уште 18 годишно, му овозможи на Ким да го зацврсти домашното единство и да постигне одреден степен на глобален престиж што долго време го посакуваше. Тој, исто така, ги разочара Вашингтон и неговите сојузници, со, како што вели Пјонгјанг, веродостојно одвраќање на непријателството на САД.
Санкциите на ОН поради создавањето оружје и проблемите што ги наметна ковид пандемијата можеби му го направија на Ким најтешкиот момент од неговото владеење, велат набљудувачите, но меѓународните преговарачи не се ни блиску до тоа тие оружја да бидат отфрлени.
За време на пандемијата, додека нуклеарната дипломатија е заглавена во ќорсокак, Ким Jонг Ун се стреми и повикува на посилна јавна лојалност кон него. Минатиот октомври, јужнокорејската шпионска агенција соопшти дека Северна Кореја ја промовира идеологијата на „кимјонгунизам“, нешто што го правеле неговиот татко и дедо и ги отстранувале портретите на претходните лидери од јавни места.
-Ким Јонг Ун се обидува да ги прикаже своите бои – работите што ја симболизираат неговата ера, а не авторитетот на покојните лидери на кои се потпираше – рече Сео Ју-Сеок од Институтот за севернокорејски студии со седиште во Сеул.