И покрај тоа што омикрон, новата мутација на коронавирусот, првпат беше откриен во јужноафриканските земји и беше класифициран како причина за загриженост од СЗО, учесниците во истражувањето на „Ипсос“ сè уште ги гледаат сиромаштијата и невработеноста како порелевантни прашања што треба да се решат. Кога ќе се погледнат одблизу бројките, одредени земји се истакнуваат во однос на нивните грижи за траењето на пандемијата. Како што се очекуваше, земјите што го посочуваат коронавирусот како нивна главна грижа се оние што до скоро се бореа со пандемијата или сè уште ги доживуваат ефектите од претходните бранови на вирусот, а меѓу нив се Јапонија, Велика Британија, САД и Австралија, кои неодамна соопштија дека нема да ги враќаат карантините и покрај заканата од омикрон.
Израел, од друга страна, забележува пад на загриженоста за ковид-19 за 14 отсто од месец на месец, што веројатно е поврзано со строгиот режим на вакцинација во земјата. Досега, околу 43 отсто од жителите добија трета доза. Иако самата бројка е импресивна, таа исто така ја покажува острата разлика помеѓу распределбата на вакцините на глобалниот север и глобалниот југ. Во повеќе од 20 африкански земји, уделот на целосно вакцинирани луѓе е под пет отсто, што ја доведува во прашање потребата да ѝ се даде приоритет на третата доза за одредени привилегирани во однос на општата вакцинација во поголемиот дел од светот.
Подготвил: Дејан Србиновски