За жал, имаме уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и РС Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен. Ова за „БГНЕС“ го изјави професор Пламен Павлов, еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, реагирајќи на честитката на амбасадата на Руската Федерација во Скопје по повод големиот македонски празник на кој се чествува Свети Климент Охридски.
Руската амбасада во Софија досега не им го честиташе празникот на Бугарија и на бугарскиот народ, како што посочи „БГНЕС“, додека руското дипломатско претставништво во државава го „честиташе големиот државен празник на братскиот македонски народ“, истакнувајќи дека Свети Климент Охридски е еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици.
На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски,
големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици!?https://t.co/Tetl8A9ZZY pic.twitter.com/qQoQZlq627
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) December 8, 2021
Бугарскиот историчар ја осуди и пораката на премиерот Зоран Заев по повод празникот, кој денеска рече дека „Свети Климент е жив споменик на нашата историја и основоположник на Охридската школа, позната и како прв балкански и европски универзитет“. Во својата изјава Заев воопшто не спомна дека ликот и делото на Свети Климент Охридски се барем заеднички со Бугарија и е важни за бугарската историја и култура, како што наведува „БГНЕС“.
– Не помалку за осуда е и изјавата на премиерот Заев, бидејќи во деновите кога самиот тој дава индиции дека се бара помирување со Бугарија, како се бара заеднички јазик со Бугарија, всушност покажува дека не се бара заеднички јазик и дека се продолжува со јазикот на лагите и бугарофобијата – реагира Павлов.