УЛОГАТА НА ТРЕНЕРОТ ВО СПОРТОТ
По дефиниција „тренерот“ е лице кое ги води, подучува и тренира спортистите или спортските клубови. Покрај физичката и техничката подготовка, тренерот може да врши и психолошка подготовка на спортистите со цел што подобро да ги подготви за тоа што ги очекува на теренот. Професорот и доктор по науки во областа на физичкото образование, Србинот Владимир Копривица, низ своите 10 тренерски заповеди, тренерот го гледа низ малку поинаква призма и го поистоветува со самиот спорт.
1. Спорт тоа си ти. Спортот е таков каков што си ти во него. Мора да мислиш дека спортот е најубавата работа на светот и да направиш се да биде така и денес и утре.
2. Спорт – тоа се и сите други во него – спортисти, тренери, стручни штабови, судии, публика, медиуми, организатори, спонзори, … Колку што ги почитуваш, толку го почитуваш спортот и толку се почитуваш себеси.
3. Сакај го спортот во себе, а не себеси во спортот.
4. Спорот е големо семејство во кое мора да си го знаеш своето место, својата улога, обврските и својата животна мисија.
5. Спортот е моќно сретство за воспитување, но и сретство кое може да биде злоупотребено. Затоа биди човек и заштити ги другите од лошиот дел на твојата личност. Од тие со кои работиш создавај добри спортисти, но и добри и здрави општествено корисни личности.
6. Откривај им ја на другите убавината на спортот. Ако себеси и некој друг, поради спорт го направиш среќен, на крајот на кариерата ќе можеш да кажеш – вредеше.
7. Децата во спортот се неиспишани табели – пополни ги за нив со најубавиот ракопис и најмудрите мисли.
8. Учи од се што е добро во спортот, па спортот тебе ќе те научи на живот.
9. Тренерот е централна личност во спортот, бидејќи управува со спортистите и стручниот штаб. Голем тренер е оној што ќе создаде спортисти поголеми од него.
10. Вистинскиот тренер не создава само спортисти, туку и други тренери. Така што неговите идеи и неговиот спортски дух ќе живеат и после него во наредните генерации на спортисти и тренери.