Четирите хашки предмети за извршени злосторства против човештвото беапрефрлени за решавање во Македонија, но правдата за овие случаи никогаш не беше задоволена. Домашни и странски правни експерти со кои се консултиравме велат дека правдата иако е бавна, речиси секогаш ги стигнува оние што се обвинети за најтешки злосторства. Суштински интерес на секоја држава, како и на меѓународната заедница во целина, во смисла на универзалното остварување на правдата како темелна
вредност на човештвото, демократијата и поредокот, е да ги сузбие и казни сторителите на вакви дела, во интерес на општиот ред и мир, соработка, благосостојба и просперитет

ВО ХАГ КОНЕЧНО СЕДНАТИ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ПРИПАДНИЦИ НА ВО ХАГ КОНЕЧНО СЕДНАТИ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ПРИПАДНИЦИ НА ОВК ОД КОСОВО

Деновиве во Хаг започна првото судење за злосторствата на Ослободителна војска на Косово (ОВК), а на обвинителна клупа се најде нејзиниот поранешен припадник Сали Мустафа. Судењето против Мустафа е прво судење на обвинет од ОВК пред овој суд и нему ќе му се суди по обвинението на специјализираниот обвинител во Косово за злосторства во 1999 година. Покрај Мустафа, во Хашкиот трибунал во моментов се наоѓаат и поранешните припадници на ОВК, Хисни Гуцати, Насим Харадинај, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и поранешниот претседател на косовското собрание, Кадри Весели.
Во истиот контекст и со надеж за задоволување на правдата, овие случаи на судење косовски злосторници во Хаг се интересни и од македонски аспект, бидејќи има допирни точки и со нашите т.н. Хашки случаи за извршени воени злосторства од страна на терористичката ОНА на територијата на Македонија, која беше клон на ОВК, односно продолжена рака на сега обвинетите за извршени тешки злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид.

Хашките предмети во Македонија се реактуализираат

Поради одредени состојби, хашките предмети беа префрлени за решавање во Македонија, но правдата за овие случаи никогаш не беше задоволена, веројатно и поради политички причини, што е апсурдно за принципот на владеење на правото. Сепак едно е сигурно, иако Хаг ги вратил предметите во Македонија, не значи дека судот прекинал да ја мониторира состојбата со нив, односно дека ги ставил ад акта.
Домашни и меѓународни правни експерти со кои се консултиравме велат дека правдата иако е бавна, таа речиси секогаш ги стигнува оние што се обвинети за најтешки злосторства против човештвото, како оние за воени злодела и за геноцид. Според нив, токму такви се т.н. Хашки случаи, во кои за воени злосторства и дела против човештвото се осомничени членови на ОНА од конфликтот од 2001 г. во Македонија.
Александрос Сарис, кој предава меѓународно право на универзитетот „Амстердам“ и досега работел како адвокат на неколку случаи во меѓународниот суд на правдата, вели дека дваесеттиот век ќе биде запаметен како посебен по масовните ужаси, но и по создавањето меѓународноправни одговори на тие ужаси, а еден од нив се и судењата против припадниците на косовската ОВК, но и отворената можност да следи сличен процес за продолжената рака на ОВК во Македонија, која се нарекуваше ОНА.
Сарис вели дека судењата против лицата обвинети за воени злосторства и за злосторства врз човештвото правниците ги викаат „универзална надлежност на државите“.
– Во судските процеси против ОВК во основа лежи ставот дека некои кривични дела, како воени злосторства, злосторства против човештвото, геноцид и слични се толку тешки и страшни што секоја држава, како и меѓународната заедница во целина, има суштински интерес да ги сузбие и казни сторителите. Колку и да е бавна правдата, таа мора да се изврши – вели тој.
Професорот подвлекува дека постојат два пристапа за реализација на универзалната надлежност на државата во гонење на македонските случаи поврзани со потенцијални воени злосторства извршени од некогашните водачи на ОНА.
– Едниот е примена на домашните кривични процедури во вашата земја преку овластување домашни јавни обвинители да ги спроведат сторителите на злосторство и втората е преку надлежноста на меѓународен трибунал, што во суштина е практика поради немањето капацитет на засегнатите и често постконфликтно раскарани држави да ја остварат оваа функција и компликациите тоа да се прави пред националните судови на трети земји – вели професорот.
Тој објаснува дека иако процесите против воените злосторници од конфликтот во 2001-та сѐ уште не се започнати во трибуналот, ним им претстои некогаш и повеќегодишна долга и макотрпна работа за да изградат соодветни и солидни обвиненија против членовите на воените организации и држави што извршиле злосторство од незамисливи пропорции.
Во својот осврт на актуелната проблематика, кога се водат процесите против косовски припадници, тој советува дека не треба да се избрзува со процени за настаните и дали е возможно сличен процес да се води и за лицата од Македонија и напоменува дека како ќе се развиваат сите овие настани ќе дознаеме следејќи ги известувањата на медиумите од настаните.
– Судските процеси за сите војни од некогашната Југославија беа долги, макотрпни и непредвидливи во исходот, па за македонската димензија на проблемот треба да почекаме да видиме што и дали нешто ќе се случи, бидејќи сето тоа зависи од многу правно-дипломатски фактори, кои се составен дел на меѓународното право – резимира Сарис.
Тој поентира дека непроцесирањето на злосторствата не е проста несреќа, туку неправда, а опстојувањето на таа неправда го разорува темелот на секое општество.

Допрва следува разврска со Хашките случаи

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, во својот осврт на случувањата вели дека допрва ќе видиме што ќе се случува со последната разврска на настаните поврзани со случаите што се водат или ќе се водат пред меѓународните судови.
Бидејќи сѐ уште не се знае дали во Хаг ќе се почнат и процесите против припадниците на некогашната ОНА, судијката истакнува дека кога говориме во доменот на хипотезата, ако одредена истрага заврши со некакви наоди, како на пример потенцијалните против Артан Груби или против Али Ахмети, тогаш е можно да се очекува преставниците на трибуналот да контактираат со домашните власти за да договорат што понатаму со овие лица, кои ќе имаат пресумција на невиност додека не се докаже спротивното на суд.
Таа објаснува дека Македонија досега има практика за испорачување поранешни високи државници на трибуналот, во случајот со Љубе Бошковски, и дека тие поминаа во контекст на законот.

[email protected]